Неизоставни чевли во месеците што доаѓаат секако ќе бидат чизмите.
Добрите стари чизми што ги наоѓаме во безброј варијанти и што ги комбинираме на милион начини, а секогаш изгледаат елегантно и лежерно и, едноставно кажано, неодоливо. И не е ни толку важно дали се стари или по најнова мода, тие секогаш се „ин“.
Есента е пред нас, а потоа и зимата, па веќе многу размислуваме за купување нов пар ако сакаме да бидеме во тренд или пак да ги извадиме од кутиите омиилените парчиња од кои нема да се откажеме ниту оваа година.
Во последниве години, чизмите добија статус на модно парче совршено и за потоплите и за постудените денови – само се потребни малку креативност и модна храброст.
Можете да ги комбинирате со капри панталони, хеланки, здолништа, фустани, шорцови, мини здолништа… Постојат многу идеи, а добро осмислените комбинации сигурно ќе ве издвојат.
Инфлуенсерките веќе позираат во своите омилени чизми, комбинирајќи ги на различни начини, па во продолжение погледнете што ќе се носи во претстојната сезона есен/зима 2025.