Мозокот сака вакво мени: Експерти од Харвард ја открија исхраната што докажано го забавува стареењето

Кармин

17/09/2025

16:17

359

Големина на фонт

а а а

Зелено-медитеранската исхрана може да го заштити мозокот од стареење со намалување на протеинските маркери поврзани со когнитивниот пад, открива студија на Харвард.

Зелената-МЕД диета е модифицирана медитеранска исхрана збогатена со храна богата со полифеноли, вклучувајќи ореви, зелен чај и манкаи – водна билка, со намалување на црвеното и преработеното месо.

Истражувањето, кое неодамна било објавено во списанието „Clinical Nutrition“ покажува дека усвојувањето на зелена медитеранска исхрана е поврзано со побавно стареење на мозокот.

Студијата ја спровеле научници од Универзитетот Бен-Гурион, Харвардската школа за јавно здравје и Универзитетот во Лајпциг.


Истражување за исхраната и возраста на мозокот

Невролошките нарушувања како што се благите когнитивни нарушувања и Алцхајмеровата болест често се поврзуваат со зголемена разлика во староста на мозокот, што значи дека мозокот изгледа биолошки постар од вистинската возраст на една личност.

За да истражат дали исхраната може да влијае на овој процес, истражувачите испитале податоци од речиси 300 учесници во испитувањето „DIRECT PLUS“, една од најопсежните долгорочни студии за исхраната и здравјето на мозокот.

Практикувале три диети

Во период од 18 месеци, учесниците практикувале една од трите диети:

Стандардна здрава исхрана

Традиционалната медитеранска исхрана со ограничен внес на калории, која ги ограничува простите јаглехидрати и во која акцентот е ставен на зеленчук, и замена на црвеното месо со живина и риба

Зелено-медитеранска исхрана, која ги вклучува сите горенаведени, заедно со зелен чај и билката манкаи.


Кога истражувачите ги мереле нивоата на протеини во крвта на учесниците, откриле дека повисоките нивоа на одредени протеини се поврзани со забрзано стареење на мозокот. Понатаму, откриле дека тие нивоа на протеини се намалиле кај учесниците кои ја практикувале зелената медитеранската исхрана. Истражувачите поставиле хипотеза дека заштитниот ефект на исхраната може да биде резултат на антиинфламаторни молекули содржани во зелениот чај и билката манкаи.

„Проучувањето на протеините што циркулираат во крвта нѝ овозможува во реална средина да набљудуваме како процесите на стареење на мозокот се под влијание на промените во животниот стил и исхраната“ рече Анат Меир, постдокторска истражувачка соработничка на Харвард Чан школата, која е коавторка на студијата:


„Овој пристап нѝ дава динамичен увид во здравјето на мозокот и нѝ помага да откриеме биолошки промени долго пред да се појават симптомите. Со мапирање на овие протеински потписи, добиваме моќен нов увид во тоа како интервенциите, како што е исхраната, можат да помогнат во зачувувањето на когнитивната функција додека старееме“, додаде таа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk