[ФОТО] И есенски шик и знак на почит кон Велика Британија: Стајлингот на Меланија Трамп за доаѓањето во Лондон најавува моден спектакл

Кармин

17/09/2025

13:00

563

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД, Доналд Трамп и неговата сопруга, вчера допатувале во Велика Британија, каде ќе престојуваат во официјална посета, а денес треба да се сретнат со членовите од кралското семејство.

Доналд Трамп денеска ја започнува официјалната посета на Велика Британија, а во Лондон слетал синоќа во друштво на сопругата Меланија, американската прва дама.

Додека се чека модната „битка“ на Кејт Мидлтон, принцезата од Велс и Меланија Трамп, сопругата на претседателот на Америка, веќе синоќа таа го нагласила тонот којшто ќе го следи нејзиниот стил.


Семејството Трамп синоќа слетало во Англија, а првата дама излегла од авионот во мантил од модната куќа „Burberry“, што е знак на почит на домаќинот.

Стилот на Меланија Трамп по слетувањето во Англија

„Burberry“ е еден од најпознатите брендови во Велика Британија, а особено се издвојува мантилот со карактеристичен крој, со дводелни копчиња, во беж боја и со препознатлива карирана постава.


Меланија Трамп се определила да носи долг модел, а струкот бил нагласен со појасот којшто е неизоставен дел од овој класичен мантил.

Мантилот совршено ги одразува типичните англиски вредности кога станува збор за модата: практичност, класична елеганција и долговечност. Затоа и денес е еден од најпрепознатливите модни симболи во Велика Британија, а Меланија Трамп тоа очигледно го зела предвид.


Доколку треба да судиме врз основа на првиот стајлинг, првата дама на САД подготвила вистински модни спектакли за оваа посета.


Што мислите вие?



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk