Не постои родител којшто сѐ може да направи исправно кога станува збор за воспитување на детето, но постојат и грешки кои можат да бидат многу опасни во текот на развојот на детето.
„Доколку не го сака сопругот, мајката емотивно ќе го „посвои“ синот“ – ова е психолошки образец којшто ја разорува машката психа.
Карл Густав Јунг, еден од најголемите умови во психологијата, јасно предупредил: никој не може да ја уништи психата на машкото дете како неговата мајка.
Во својот труд за емоционалните врски во внатрешноста на семејството, тој истакнал дека отсуството на здрав однос меѓу сопружниците може да резултира со опасни грешки.
Доколку жената не се чувствува емотивно исполнета и блиска со својот партнер, таа свесно или несвесно ќе ја бара таа поврзаност низ детето, особено со синот, со што создава токсична блискост која го гуши развојот на детето во самостоен маж.
Јунг тој феномен го нарекол создавање „вечно дете“, маж којшто никогаш не расте во вистинска смисла. Мајчината постојана контрола, претерана грижа и потреба да биде центар во светот на синот создава чувство на должност, зависност и вина кај мажот кој ниту кога ќе порасне нема да знае како да биде слободен.
„Мајката не покажува загриженост што нејзиниот син не е маж затоа што никогаш не дозволува тоа да стане“, пишува Јунг во својот труд.
Таквиот маж често останува емоционално неписмен, неспособен да води врска, брак, семејство затоа што ниту една жена не може да се натпреварува со првата љубов – мајката.
Ова не е класичен случај на родителска љубов. Тука зборуваме за емоционално неразбирање во кое мајката не му дозволува на синот психолошки да созрее затоа што тој несвесно ја исполнува празнината која треба да ја пополни нејзиниот партнер.
Синот станува нејзина потпора, сопатник, повремен советник, па дури и емоционален терапевт. А, за возврат таа му нуди чувство на лажна сигурност, контролирајќи го неговиот избор на партнерки, работа, стил на живот. Таквата врска станува кафез од којшто тешко кој може да излезе.
Таквите мажи, според Јунг, живеат во минатото. Се повлекуваат од реалниот свет, неспособни се да се соочат со предизвици затоа што длабоко во себе веруваат дека само мајката може да ги заштити и насочи.
Затоа, кога од нив се очекува да донесат одлука, борба или преземање одговорност, тие се повлекуваат. Главно во токсични врски, лоши работи или зависнички обрасци на однесување. Нивниот емоционален компас не покажува север туку маминиот стан.
За да стане психички зрела личност, мажот мора да ја пресече емоционалната папочна врвка со мајката и тоа не само со физичка оддалеченост туку и со внатрешно раскинување на зависноста.
Мора да научи да носи сопствени одлуки дури и кога ќе погреши. Мора да го отфрли чувството на вина што неговата среќа ја гледа далеку од мајчината контрола. И мора да сфати дека љубовта не е исто како контролата, а благодарноста не е исто што и должноста.