Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит (27) отворено проговори за својот брак. Таа стана познато име низ целиот свет како официјална портпаролка на Доналд Трамп.
Иако е препознатлива фигура во американската политика, нејзиниот сопруг мултимилионерот, Николас Ричио живее живот далеку од рефлекторите.
Ричио и Левит се венчале во јануари, неколку месеци откако Левит го роди синот, Ник, во јули 2024 година, а Ричио е 32 години постар од Левит.
Ричио е богат инвеститор во недвижности со проценета нето вредност од 6 милиони долари. Тој е сопственик на „Riccio Enterprises LLC“, која одржува недвижнини вредни милиони долари ширум Њу Хемпшир.
Тој е исто така сопственик на 15 згради во богатата област Хемптон Бич, кои наводно ги издава под наем на семејства. Левит истакна дека нејзиниот сопруг е нејзин најголем поддржувач, најдобар пријател и поддршка.
Левит и Ричио се запознале во 2022 година, кога таа се кандидираше за Конгресот во Њу Хемпшир, пренесе „Пипл“. „Еден наш заеднички пријател организираше настан во ресторан што го поседува во Њу Хемпшир и го покани мојот сопруг“, се присети Левит во емисијата „The Megyn Kelly Show“ претходно оваа година.
„Се запознавме и станавме пријатели. А потоа се заљубивме“, додаде таа.
Зборувајќи за нивната огромна разлика во годините, Левит ѝ призна на Кели дека на почетокот се двоумела околу врската со многу постар маж.
„Мислам, тоа е многу невообичаена љубовна приказна, но тој е неверојатен“, рече Каролин.
„Тој е татко на моето дете и е најдобриот татко што некогаш би можела да го побарам. Тој е полн со поддршка, особено во еден многу хаотичен период од мојот живот. Јас си велам: „Влегов во твојот живот и оттогаш е циркус“. Но, тој е целосно тука за мене“, раскажа Левит.