Ана Винтур е популарна и сега поранешна главна уредничка на „Vogue“, авторитет за модата и стилот, но и личност која знае како облеката може да ги зголеми или намали вашите шанси да импресионирате некој.
Во една епизода од нејзиниот видео-серијал „Прашај ја Ана“, иконата на стилот еден обожавател ја прашал што треба да облече за разговор за работа во магазинот „Vogue“.
Ана интервјуирала многу луѓе за позиција во модната библија и раскажала дека ѝ е многу интересно како луѓето се облекуваат кога ќе дојдат на интервју за работа.
„Понекогаш имате чувство дека носат облека која ја набавиле тоа утро или можеби претходната вечер, а не нешто што на било кој начин одговара на нивната личност и тоа што се тие“, вели Ана и додава дека една од најголемите грешки која личноста која бара работа може да ја направи е тоа да носи нешто што не ја претставува личноста таква каква што е.
„Вашата гардероба нема да ја работи работата наместо вас. Таа е она што сте вие“, изјавила Винтур, па се присетила на момчето кое дошло на интервју во фустан и со чанта. Таа веднаш го вработила, вели, и нагласила дека „мора да се облечете за себе“.
„Истото важи за било која работа за која аплицирате. Мислам дека гардеробата не ви прави услуга доколку претерате“, додала таа.
Авторката на бестселери за менаџмент и соработници вели дека облеката која ја носите исто така може значително да влијае на вашите резултати на разговор за работа.
„Облеката навистина прави да се чувствувате на одреден начин. И во текот на интервјуата треба да се чувствувате добро во своја кожа“, вели Винтур.
Пред да изберете облека за интервју за работа, таа предложува да направите мало истражување за да стекнете впечаток за културата и дрес-кодот на компанијата и да бидете сигурни да не се истакнете од погрешни причини.
Откако сте направиле истражување, таа вели дека е важно да ги ограничите своите можности за облека која не ја крие вашата индивидуалност, но која исто така не е премногу впечатлива.
„На крај, сакате луѓето да зборуваат за вашите идеи откако ќе си одите, а не за вашата облека“, заклучила таа.