Сите зборуваат за состојката што ги топи килограмите: Џенифер Анистон ја консумира секојдневно и изгледа 20 години помлада

Точка

15/08/2025

09:01

912

Големина на фонт

а а а

Намирницата што нутриционистите ја фалат, а познатите дами ја сакаат.

Станува збор за киноа, древната псевдожитарка што го освои светот со брзина на светлината, а причината е едноставна: помага да ослабете без да гладувате, ви дава енергија и ве држи сити со часови.

Меѓу нејзините лојални обожаватели е холивудската ѕвезда Џенифер Анистон (56), актерка која и денес изгледа речиси исто како кога ја толкуваше Рејчел Грин во мегапопуларната серија „Пријатели“.


Позната по својот здрав начин на живот, за време на снимањето на серијата таа секојдневно консумирала салата чија главна состојка била киноата – а тој рецепт подоцна стана вирален.

Зошто киноата е чудотворна намирница?

Киноата е еден од ретките растителни извори на комплетни протеини, што значи дека ги содржи сите девет есенцијални аминокиселини. Богата е со растителни влакна, магнезиум, железо и витамини, и природно не содржи глутен. Поради својата хранлива вредност и нискиот гликемиски индекс, помага во стабилизирање на шеќерот во крвта, што спречува ненадејни напади на глад.


Протеинска салата на Џенифер – рецептот што го обожаваат и нутриционистите

Покрај киноата, оваа салата содржи и:

свежа краставица за хидратација,

магдонос и нане за арома и детоксикациски ефект,

виолетов кромид полн со антиоксиданти,

наут како дополнителен извор на растителни протеини,

ф’стаци за здрави масти и крцкава текстура,

фета сирење, кое ѝ дава на салатата кремаст и солен вкус.


Оваа комбинација создава совршен баланс на протеини, влакна и здрави масти и е доволно заситувачка за да биде комплетен оброк.

Освен во салати, киноата можете да ја користите како замена за ориз, да ја додадете во супи, да ја печете со зеленчук или да ја комбинирате во модерни „bowl“ јадења. Подготовката трае само 15 минути, а чувството на ситост трае со часови.

Интересно е што Анистон не криеше колку многу се грижи за исхраната и здравјето – во текот на нејзината кариера, таа често бирала менија полни со свеж зеленчук, посни протеини и здрави јаглехидрати.

Сепак, киноата остана нејзин омилен адут за витка линија.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk