Старите ги сметале за рајско овошје: Еве што можат да направат четири смокви во вашиот организам

Кармин

19/08/2025

16:15

687

Големина на фонт

а а а

Иако во текот на годината ни се достапни само суви смокви, сепак оние свежите ништо не може да ги замени.

Слатки, месести плодови кои може да ги замрзнете, па подоцна да ги искористите во колачи, штрудли, но и во џемови.

Смоквите се богати со бета-каротен, витамин А, Ц, Е и К, калциум, железо и други минерали.


Го намалуваат холестеролот

Поради стеснување артерии може да настапи инфаркт или мозочен удар. Покрај холестеролот на оштетување на срцето делуваат и зголемените триглицериди. Докажано е поволното делување на смоквите на нивото на холестерол во крвта.

Превенција на висок крвен притисок и срцев удар

Омега 3 и омега 6 масни киселини, со кои смоквите изобилуваат се многу важни за здравјето на кардиоваскуларните органи. Смоквите се добар извор на калиум и минерали кои го регулираат крвниот притисок.

Помош во лекување на дијабетес

Поради количината шеќер која ја содржи смоквата, на дијабетичарите им се препорачува да бидат претпазливи со користењето на смоквите. Сепак, доколку се користат умерено, може да дојде до намалување на потребите за количина инсулин кај дијабетичарите.


Подобрување на помнењето

Редовното консумирање смокви спречува анемија и го подобрува помнењето. Само четири суви смокви обезбедуваат дури четвртина од препорачаната дневна доза железо која е потребна во организмот.

Лаксативно дејство и помош при стомачни тегоби

Компотот од смокви делува како лаксатив. Во народот смоквите се познати како помош при чиреви и гастритис. Ја намалуваат надуеноста во стомакот, ја поттикнуваат работата на цревата, ја намалуваат потребата за лаксативи, а притоа не предизвикуваат зависност, цревни грчеви и дијареја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk