[ФОТО] Познатата актерка позирала со своите тројца посвоени синови: Не ја симнувала насмевката од лицето

Кармин

13/08/2025

15:04

790

Големина на фонт

а а а

Шерон Стоун се појавила на премиерата на филмот „Nobody 2“ во „TCL Chinese Theatre“ во Холивуд, а на црвениот тепих позирала со тројцата посвоени синови.

67-годишната актерка, позната по тоа што својот приватен живот го држи далеку од очите на јавноста, на црвениот тепих позирала заедно со Роан (25), Лејрд (20) и Квин (19), и притоа не ја симнувала насмевката од лицето.


Актерката се појавила во долг темносин фустан, додека нејзиниот најстар син Роан се одлучил за розово одело. 20-годишниот Лејрд се појавил во сиво карирано одело, а најмладиот Квин носел темносина пругаста комбинација.

Кои се нејзините синови?



Актерката во 2000 година го посвоил Роан Џозеф Бронштајн Стоун, додека сè уште била во брак со Фил Бронштајн, од кој се развела во 2004. Една година подоцна го посвоила Лејрд, а во 2006 година и Квин.

Нејзиниот најстар син Роан се занимава со глума, Лејрд студира медицина, а најмладиот Квин во средно училиште се занимавал со спорт.


Инаку, актерката позирала со семејството по еден тежок животен период, бидејќи починала нејзината мајка Дороти Стоун, на возраст од 92 години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk