Безос и Маск имаат повеќе, но уживаат помалку: Ова е најмладата жена на светот која сама заработила милијарда долари

Кармин

25/07/2025

21:14

1.741

Големина на фонт

а а а

Својата прва милијарда ја заработила минатата година на 30 години, а поради тоа што била чудо од дете, отсекогаш било јасно дека во животот ќе постигне нешто неверојатно.

Кога не е во канцеларија, Луси Гуо живее како сите нејзини врсници и ужива во плодовите на својата вредна работа.

Изминативе години неколку истакнати јавни личности дошле до статусот на милијардери на листата на „Forbes“, а најмногу се зборуваше за успесите на Тејлор Свифт и Селена Гомез.

Меѓутоа, една жена била и помлада од нив, а успеала да влезе во овој елитен „клуб“, но нејзиното име нема да го прочитате секој ден.

Станува збор за Луси Гуо која станала милијардерка на 30 години, а денес има 31 година и богатството ѝ се проценува на 1,24 милијарди долари.


Која е Луси Гуо и како се збогатила?

Родена во Фримонт во Калифорнија, во семејство на кинески имигранти, инаку инженерка по електротехника, а науката и современата технологија очигледно ѝ биле во гените.

Како дете почнала да се занимава со кодирање, самата научила да програмира, а како тинејџерка веќе заработувала така што правела ботови за онлајн играта „Neopets“ и продавала средства во играта.

Отсекогаш била неверојатна, па исто така продавала и Покемон картички, а исто така била фатена и како прави лажни стриминг страници и ги рекламира на стратешки распоредени банери.

Затоа никој не бил изненаден кога на Универзитетот „Carnegie Mellon“ се запишала компјутерски науки, а се испишала откако била примена во „Thiel Fellowship“ Фондацијата на познатиот милијардер Питер Тил која на талентираните млади им нуди стипендија и можност да учат и да се развијат.

Одредено време Луси работела и за Фејсбук, па за Снепчет, а потоа со Александер Венг го основала „Scale AI“ од каде била отпуштена две години подоцна.

Потоа го основала „Backend Capital“ компанијата која финансира инженерски стартап фирми во рана фаза, а потоа во 2022 година го создала „Passes“, главен конкурент на платформата „Only Fans“.

Сепак, страницата на Луси не дозволува ни голотија ни сексуална содржина. Но, имало обиди правилата да се заобиколат, па така во 2024 година една мајка регистрирала и потоа продавала фотографии од својата 12-годишна ќерка во бикини, после што профилот бил укинат.


Приватниот живот на Луси Гуо: Мистерија со многу материјал за таблоидите

Со оглед на тоа колку е успешна, би помислиле дека Луси нема многу време за опуштање, но таа важи за најголема ѕвезда на ноќните забави во Мајами.

Токму таму таа си купила стан за 6,7 милиони долари во 2020 година и често имала конфликт со соседите кои не го поднесувале нејзиното уживање во забавите.

Особено внимание привлекла една забава која започнала како вечера за неколку пријатели, а завршила како забава за повеќе од 100 луѓе кои дошле до нејзиниот дом откако во последен момент биле повикани преку Твитер.

Сепак, секогаш може да отиде и во својата вила во Западен Холивуд вредна 4,2 милиони долари. Таму ѝ е блиску фестивалот Коачела во текот на којшто неодамна организирала забава за која наводно потрошила 500.000 долари.

Што се однесува до нејзиниот љубовен живот, за тоа не се знае речиси ништо, а Луси успева да ја зачува приватноста иако деталите за нејзините забави често завршуваат во медиумите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk