Разводот меѓу актерката Дениз Ричардс и Арон Фајперс станува сѐ погрозен затоа што Арон директно од улица отишол во полициска станица и поднел пријава за жестока кавга која, како што се наведува, довела до нивно раскинување.
Папараците го фотографирале Арон во текот на викендот како влегува во станица во округот Лос Анџелес во населбата Калабасас. Не бил расположен да разговара со фотографите, а сега е познато зошто било тоа така.
Извори од полицијата кажале дека Арон во неделата влегол во ходникот од станицата „Lost Hills“ и разговарал со заменикот шериф за наводниот инцидент после што била поднесена официјална пријава.
Извори блиски до случајот навеле дека Арон поднел кривична пријава поради вандализам, кражба и напад, а сето тоа било во врска со кавгата која се случила на 4 јули. Тогаш, како што тврди тој, Дениз го скршила неговиот мобилен телефон.
Арон претходно за медиумите изјавил дека Дениз ја фатил во неверство, откако нашол пораки меѓу неа и друг маж во нејзиниот лаптоп коишто потоа ги зачувал на неговиот телефон.
Тој тврди дека на 4 јули го нашол неговиот телефон скршен на парчиња и во корпа за рециклирање и смета дека Дениз го уништила затоа што на уредот чувал фотографии и пораки кои докажуваат дека таа имала афера.
Од друга страна, Дениз тврди дека до кавгата дошло откако Арон вербално ја злоставувал и го барал телефонот. Арон тврди дека телефонот исчезнал на повеќе од еден ден, а кога ја прашал Дениз за истиот, таа го удрила и изгребала.
Арон на 7 јули поднел барање за развод, наведувајќи го 4 јули како датум за разделба. Дениз во меѓувреме поднела барање за привремена забрана за приоѓање која ѝ била одобрена, обвинувајќи го Арон за насилство.
Од друга страна, Фајперс ги негирал сите обвиненија за физичко и емоционално злоставување.
Разводот, во најмала рака би можел да биде бурен, а сега во сето тоа е вклучена и полицијата.