Некогаш малото девојче со кратка коса кое Анџелина Џоли и Бред Пит го водеа по црвените теписи, денес е 19-годишна танчерка и кореографка со сопствено уметничко име. Додека нејзините родители со години водат правни битки, Шајло Нувел Џоли тивко ја пишува својата приказна – и тоа во ритамот кој самата го избира.
Овој викенд папараците ја уловија во автомобил како разменува нежности со својата наводна девојка, танчерка Кеони Роуз, во Студио Сити, Калифорнија. Двете, кои веќе со недели се нераздвојни, наводно и официјално почнале да живеат заедно.
Angelina Jolie's daughter Shiloh and 'girlfriend' enjoy PDA in car https://t.co/vCIGuclePb via @DailyMailCeleb
— A-Clear-View👁 (@Rlohr5) July 21, 2025
🗣️Unreal how Hollywood movie stars raise their kids in a perverse lifestyle, and they turn out just like them. Weird, hatful looking, and mentally unstable!
Како што за „DailyMail“ изјавил извор близок до парот, Шајло и Кеони „привремено живеат заедно последниве неколку недели“, што е потврдено и на ексклузивните фотографии на кои се прикажани прегрнати пред заедничкиот стан во Лос Анџелес.
Во моментот кога биле фотографирани во автомобил, Шајло ја носела својата омилена црвена дуксерка, додека двете биле опуштени и насмеани. Интимниот момент во затворен простор само дополнително ги потврдил шпекулациите кои траат веќе со месеци.
Кеони Роуз, која стана популарна меѓу TikTok публиката уште во 2023 година благодарение на нејзините вирални танцови и кулинарски видеа (танц со тортиљи и тверкување), моментално е ангажирана како изведувачка во танцова продукција „pAges“ на кореографката Вероника Мендонка.
Премиерното изведување е закажано за оваа сабота во Сиетл, како дел од хуманитарен настан со кој се финансира учеството на целата група на Единбуршкиот фестивал Fringe во Шкотска, од 18 до 23 август.
Интересно е што Шајло минатата година за првпат го користеше уметничкото име „Ши“, кога кореографираше заводлив дует за Кеони и Тако Сузуки на настан на модната куќа Изабел Маран во Лос Анџелес.
Оттогаш се дистанцира од презимето Пит, кое го отстранила од сите официјални документи, и продолжува да ја гради својата кариера, далеку од сенките на родителите.
Анџелина Џоли и Бред Пит, некогаш познати како „Бранџелина“, имаат вкупно шест деца, а петмина од нив наводно се дистанцирале од таткото, вклучувајќи ја и Шајло, Вивиен (17), Захара (20), Пакс (21) и Медокс (24).
И покрај вниманието на јавноста, Анџелина неодамна изјави:
„Ниту едно мое дете во моментов не сака да биде во јавноста. Шајло е исклучително приватна. Се надевам дека со годините ќе ја добие приватноста што ја немаа од раѓање.“
Разводот меѓу Анџелина и Бред беше официјално завршен уште во 2016 година, но нивните правни битки сè уште траат. Во моментов ја водат четвртата година на спор околу заедничкиот имот – лозјето Шато Мирал во Франција, вредно 164 милиони долари.
Иако го купиле заедно во 2011 година за 28,4 милиони долари, Анџелина го продала својот дел без одобрение од Бред, што довело до негова тужба и нејзин контраодговор.
Интересно е што Шајло во детството играла и машки улоги – била гласот на пандите во анимираниот филм „Kung Fu Panda 3“, а публиката со години го коментирала нејзиниот андроген стил. Во еден момент, родителите откриле дека таа сакала да ја викаат Џон.