Памела Андерсон и Лијам Нисон во новиот филм снимале секс-сцени, соработниците бегале од сетот: „Ова е прежешко за мене...“

Кармин

25/07/2025

22:09

3.705

Големина на фонт

а а а

Памела Андерсон и Лијам Нисон ја изненадија јавноста со нивниот однос, па сега се шпекулира дека тие запловиле во љубовна романса, а многумина се надеваат дека тие ќе го потврдат тоа.

Популарните актери коишто играат во римејкот на комедијата „The Naked Gun“, разменувале нежности на премиерата на овој филм пред неколку денови во Лондон, а потоа биле видени како заедно го напуштаат хотелот „Corinthia“ во британската престолнина.


Фановите многу би се израдувале доколку претпоставката за актерите се докаже за вистина, а таквите нагодувања ги иницирал актерот пред неколку месеци кога рекол дека е заљубен во колешката.

Памела Андерсон го бакнала Лијам Нисон на лондонската премиера каде изгледале многу блиски, па коментарите за нивната наводна врска не престануваат.

Славниот актер рекол дека најдраги моменти од снимањето му биле „сексуалните сцени“ со Памела, а ја спомнал и координаторката за интимни односи, која според неговите зборови, побегнала од сетот со коментар: „Ова е прежешко за мене“.


Извор близок до актерот за „Daily Mail“ изјавил:

„Лијам е вљубен во Памела, но исклучиво како пријател. Тој не планира да оди на љубовни состаноци, а нивниот однос е неверојатно пријателство кое засекогаш ќе трае“.

Памела Андерсон која водела љубовен живот, за „Entertainment Weekly“ изјавила:

„Мислам дека во Лијам стекнав пријател за цел живот“. Нагласила дека хемијата меѓу нив била очигледна од самиот почеток на снимањето, но дека сето тоа било на професионално и романтично ниво.


Тие организирале заедничка вечера со своите асистенти, а ги споила љубовта кон книжевноста и добриот хумор.

„Го впивав неговото знаење како сунѓер“, порачала Памела Андерсон.

Лијам којшто пред неколку децении доживеал голема трагедија, за Памела минатата година изјавил: „Лудо сум вљубен во неа. Нема големо его, доаѓа да си ја заврши работата, забавна е и со неа е лесно да се работи. Ќе биде фантастичен филм“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk