Со жените родени во овие хороскопски знаци не треба да се впуштате во игра доколку не сте подготвени да изгубите.
Постојат жени кои веруваат во отвореноста по секоја цена. Спроти нив стојат оние кои молчат, набљудуваат и сѐ држат под контрола. Не се гласни, не влегуваат во кавги, но ретко кога нешто би пропуштиле.
Нивната моќ е во тактиката, шармот и моќта. Тие не делуваат веднаш, тие го чекаат вистинскиот момент.
Во хороскопот постојат знаци во кои се раѓаат жени кои знаат да играат паметно. Не ги откриваат картите прерано, не говорат сѐ што знаат и многу често се три чекори пред сите.
Се истакнуваат по својата лукавост и со нив едноставно не може да си играте.
Жените родени во хороскопскиот знак Шкорпија не зборуваат многу, но гледаат сѐ. Нивното молчење не е празно туку стратешко. Тие набљудуваат, забележуваат, анализираат. Можеби делуваат незаинтересирано, но во моментот кога вие мислите дека водите игра, тие веќе напишале завршница. Нивната интелигенција е остра, но тоа што ги прави лукави е емотивната контрола.
Нема да знаете што мислат, но ќе почувствувате дека не се рамнодушни. Доколку ги повредите, нема веднаш да се соочат со вас. Ќе го почекаат вистинскиот момент, а кога тој ќе дојде сѐ ќе вратат на свое место, односно на нивно место.
Близнаците се брзи, духовити... Нивната моќ лежи во јазикот, знаат што да кажат, кога и кому. Во разговорите ги менуваат насоките како да возат спортски автомобил, а вие не сфаќате дека веќе сте тргнале кон патот кој тие го избрале.
Не се манипулативни во лоша смисла, но знаат да управуваат со информации. Доколку молчеле тоа било со причина. Доколку нешто кажале, тоа била порака. Нивната лукавост доаѓа во облик на шарм, леснотија и способност дека од секој разговор можат да го извлечат она што го сакаат. А, тоа не изгледа како нешто да барале.