Манекенката и топ модел која е прогласена за најубава жена на светот, 28-годишната Бела Хадид, открила дека боледува од лајмска болест.
Таа била поврзана на апарати кои ѝ помогнале да ја ублажи тешката состојба. Изгледала исцрпено и била многу слаба.
Ја предизвикува бактеријата „Borrelia burgdorferi“, а болеста погодува повеќе системи, најчесто кожата, зглобовите, срцето и нервниот систем.
Главоболки, грчеви во мускулите, чувствителност на врева и светлина, болки во зглобовите и несоница се само некои од проблемите со кои заболената личност се бори секојдневно.
„Чувствувам најмалку десет од овие симптоми секој ден. Ги чувствував и кога имав 14 години, но се зголемија откако наполнив 18 години“, напишала тогаш Бела.
Болеста ѝ била дијагностицирана во 2012 година, а за хронична болест не постои лек, истакнала таа. Имено, лекувањето со антибиотици е ефикасно во раните фази на болеста, но инфекцијата може да стане сериозна и долготрајна.
Се чини дека влошувањето на болеста била пресвртница за Бела. Таа целосно го сменила начинот на живот. Побегнала од сѐ и си купила мал ранч во Тексас каде ги поминува деновите опкружена со природата, јавајќи коњи и живеејќи го слободниот живот. Таа се повлекла и од светот на манекенството и повеќе не шетала на модните ревии, но сега полека се враќа и во тој свет.
Инаку, нејзиното име на италијански значи „убава“ и целосно ѝ одговара затоа што е прогласена за најубава жена на светот.
Нејзините црти на лицето одговараат на речиси 95 отсто од златниот пресек за убавина. Оваа математичка единица е онаа со која старите Грци ја проценувале убавината.
Многумина ја нападнале откако ѝ била доделена титулата затоа што таа поминала низ бројни козметички процедури. Но, таа не дозволила критиките да ја вознемират туку продолжила да си ја работи својата работа и да ги носи ревиите на познатите дизајнери и да заработува милиони.