По видеото од концертот, најпознатата прељубничка донесе радикална одлука: Сите чекале на овој нејзин потег

Кармин

25/07/2025

10:20

5.722

Големина на фонт

а а а

Видеото од Енди Бајрон и Кристин Кабот од концертот на „Колдплеј“ го обиколи светот, а бурата околу сето тоа не стивнува.

Видеото од прељубниците на концертот на „Колдплеј“ со брзина на светлината се прошири на социјалните мрежи, а коментарите за истото го преплавија светот.

Особено интригантно беше тоа што двајцата луѓе фатени на видеото се на високи позиции во компанијата „Астрономер“.


Во текот на претходните денови актерите на оваа приказна константно беа на мета на јавноста, се случуваа разни работи, а освен што Енди Бајрон даде оставка од местото на директор на „Астрономер“, истото го направила и неговата љубовница.

Директорката за човечки ресурси на американската технолошка компанија, Кристин Кабот, поднела оставка.

Да ве потсетиме, во последниов период на интернет незапирливо се споделуваше видеото од концертот на групата „Колдплеј“ во Бостон, а во центарот на вниманието беше парот чија необична реакција на „kiss-cam“ иницираше лавина коментари.

Сето тоа го забележала Грејс Спрингер, а видеото станало вирално на ТикТок. Ниту самиот пејач Крис Мартин не останал имун на тоа што го видел, па коментирал: „Погледнете ги овие двајца. Или имаат афера или се многу срамежливи“.


Набрзо потоа интернет детективите го откриле идентитетот на парот. Станува збор за Енди Бајрон, извршниот директор на компанијата „Астрономер“ и Кристин Кабот, директорка за човечки ресурси во истата компанија.

По виралното видео, интернетот не престанува со коментари, а главното прашање е зошто некој би имал афера на толку јавно место, пред 50.000 луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk