[ФОТО] Се огласи ќерката на Ози Озборн: „Го изгубив мојот најдобар пријател…“

Кармин

25/07/2025

13:50

620

Големина на фонт

а а а

Легендарниот музичар Ози Озборн почина на 76-годишна возраст во вторникот, а сега неговата ќерка Кели сподели тажен стих од песната „Changes“, која ја отпеа во дует со својот татко во 2003 година.

„Се чувствувам мизерно, толку сум тажна. Го изгубив најдобриот пријател што некогаш сум го имала“, напиша таа со емотикон во облик на скршено срце.

Оригиналната верзија на „Changes“, која Ози Озборн ја напиша со членовите на „Блек Сабат“, беше објавена во 1972 година. Повеќе од 30 години подоцна, Ози и Кели снимија нова верзија, со изменет текст.

Озборн зад себе остави уште пет деца, вклучувајќи ги Џесика и Луис со поранешната сопруга Телма Рајли и нејзиниот посвоен син Елиот. Тој има и три деца со Шерон Озборн, Ејми , Кели и Џек.

Ожалостеното семејство објави официјално соопштение во вторникот за смртта на музичарот.


„Со тага што не може да се опише со зборови, мора да соопштиме дека нашиот сакан Ози Озборн утрово почина. Беше со своето семејство, опкружен со љубов. Ве молиме за почитување на нашата приватност“, се вели во соопштението.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk