[ФОТО] „Живеам како ѕвер, не користам козметика“: Актерката престанала да се грижи за својот физички изглед, се посветила на една важна работа во животот

Кармин

17/07/2025

09:14

4.814

Големина на фонт

а а а

Филмскиот сет го напушти во 2014 година и успешно одбиваше актерски понуди кои ги имало многу.

Холивудската актерка Камерон Дијаз (52) не се врати во глумата ниту кога ѝ понудиле 100 милиони долари и тоа затоа што сакала максимално да се посвети на своето семејство.

Од 2015 година е во брак со музичарот Бенџи Маден со којшто прославила 10-годишнина од брак, а заедно имаат две деца.


Никој не ја разбрал нејзината одлука зошто го напушта актерството, а потоа кон крајот на декември 2019 година се дознало дека станала мајка. Таа и сопругот ја добиле ќерката Радикс Клои Вајлдфлауер Маден која ја родила сурогат мајка.

Во една прилика актерката раскажала како се снашла во мајчинството, за што со години сонувала.

„Сѐ се смени откако добив ќерка, сакам да доживеам барем уште 50 или 60 години поради тоа што имам мало дете“, рекла актерката по раѓањето на детето.

Во март 2024 година се дознало дека преку сурогат мајка парот добил син, Кардинал. Камерон вели дека таа 10-годишна пауза ѝ била најдобрата одлука во животот. И, додека претходно била оптоварена со својот изглед и не можела да замисли да излеле од дома несредена, сега воопшто тоа не ја интересира.


„Не морам повеќе да се грижам за тоа како изгледам. Изгледот буквално ми е последната работа на памет, во текот на денот на тоа не ни помислувам. Живеам како ѕвер, не перам. Имам милиони козметички производи и сите собираат прашина на полиците.

Можеби двапати месечно ставам некој крем и си помислувам – добро, веројатно е доволно, дали ќе делува ако се намачкам само еднаш? Едноставно, моментално не сум во ситуација да трошам било каква енергија на изглед“, рекла актерката.


По пауза од 10 години, таа се вратила во глумата и го снимила филмот „Back in Action“ во којшто глуми со Џејми Фокс, а којшто е достапен и на „Netflix“.

Таа добро се снашла во улогата на мајка, иако признава дека понекогаш само ѝ било важно да остане жива.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk