Популарната актерка Кејт Босворт стана мајка на 43-годишна возраст. Таа и нејзиниот сопруг се оствариле во улогата на родители преку сурогат мајка, пренесува „Page Six“.
Ниту еден од нив сѐ уште не се огласил на социјалните мрежи по тој повод, а последната објава на Кејт е објавена во март годинава.
Кејт е во брак со Џастин Лонг две години, а штотуку роденото девојче сега дошло како круна на нивната љубов.
Тие се запознале на снимањето на филмот „House of Darkness“, а набрзо потоа запловиле во љубовна романса.
Инаку, Кејт се смета за една од најубавите актерки на денешницата, а со својата појава плени каде и да се појави.
Пред Џастин, актерката била во врска со актерот Александар Скарсгард и во брак со режисерот Мајкл Полиш.
Од друга страна, Џастин Лонг бил во врска со Дру Баримор и Аманда Сајфред, но сепак вистинската љубов ја пронашол покрај Кејт.