Крис Хемсфорт пристигна на премиерата на „Limitless: Live Better Now“ која се одржала во Лондон, а друштво му правела сопругата Елса Патаки.
Популарниот Австралиец Крис Хемсфорт со години наназад претставува сон на секоја жена, барем секогаш го опишувале така, меѓутоа тој ужива во љубовта со седум години постарата Елса Патаки.
Тие двајца секогаш привлекуваат внимание каде и да се појават, а особено тоа е така додека се на некоја плажа.
На претходната премиера одржана во Лондон, парот се појавил заедно и било доволно цел свет да го стават во сенка.
За овој настан Крис Хемсфорт избрал да носи тегет костум којшто го искомбинирал со бела маица и црна кошула, додека пак неговата сопруга заблескала во креација со светки.
Елса носела краток, мрежест фустан којшто се прелива, а под него имала едноставна постава на тенки рамчиња. Стајлингот го надополнила со сребрени сандали на висока потпетица, а од накит носела висечки обетки, додека пак косата ѝ била собрана во лежерна пунџа.
Инаку, Крис и Елса важат за еден од најскладните, но и најзгодни парови на јавната сцена, а во брак се повеќе од 15 години и заедно имаат три деца.
Тие се запознале на снимање на филм во 2010 година и веќе по неколку месеци ја започнале љубовната врска. Венчавката ја организирале кон крајот на истата година во Австралија, а две години подоцна го добиле своето прво дете.
Покрај сите комплименти кои ги добиваат каде и да се појават, Крис и Елса сепак не сакаат многу да го експонираат своето семејство, па многу ретко ќе ги видите сите заедно на некои настани, а исто така не сакаат да изнесуваат детали од нивниот приватен живот.