Џон Гудман (73) ја изненади публиката со својот нов изглед. Познатиот американски филмски актер се појави на црвениот тепих во Лос Анџелес на премиерата на новиот филм „Штрумфовите“. Со насмевка на лицето, ја покажа својата витка линија во темно син костум.
По долга борба, која започна уште во 2007 година, Гудман се покажа во ново светло и шокираше со голема промена. Претходно откри дека со години се обидувал да живее поздрав живот и дека се фокусирал на губење на тежината.
„Бев уморен, ми беше здодевно да се гледам себеси. Се бричиш во огледало наутро и не сакаш да се погледнеш себеси. Станува опасно“, рекол актерот претходно, според „Пипл“.
Тој открива дека едно време дури имал близу 180 килограми, а сега веќе неколку години одржува половина од својата тежина на 90 килограми.
„Порано правев пауза од три месеци, ќе изгубев 27 или 30 килограми, а потоа ќе се наградував себеси со пакет од шест лименки пиво или нешто друго и едноставно ќе се враќав на старите навики. Овој пат сакав да одам полека, да се движам, да вежбам. Дојдов во години кога веќе не можам да си дозволам мирно седење. И токму тоа ми дава енергија за работа, бидејќи работата навистина исцрпува“, раскажал актерот своевремено.
Неговата одлука да ослабе била мотивирана исклучиво од фактот дека сакал да живее подобро. Тој вели дека нема голема тајна, припишувајќи го својот нов изглед на редовното вежбање, контролата на порциите и намалувањето на алкохолот.
Инаку, Гудман го позајмува својот глас за иконската улога на Тато Штрумф во новиот филм „Штрумфовите“ во кои се појавува заедно со Џејмс Корден, Ријана и други.