По 30 години ќерката на Јоко Оно ја раскажа болната вистина: „Татко ми ме киднапираше, живеев во култ“

Кармин

26/05/2025

19:06

1.234

Големина на фонт

а а а

Откако таткото на Кјоко, Ентони Кокс ја киднапирал кога имала седум години, нејзината мајка Јоко Оно и очувот Џон Ленон се преселиле во Њујорк со надеж дека ќе ја пронајдат. Сепак, поминале 30 години пред таа да ѝ се јави на мајка ѝ, која сега има 92 години.

„Кога луѓето ја слушаат мојата приказна, не разбираат како било пред да постои Фејсбук“, изјави 61-годишната Кјоко за „Дејли Мејл“.

„Мајка ми и Џон направија сè што можеа за да ме контактираат“.


Кокс, кој бил втор сопруг на Јоко Оно, тој ја киднапирал Кјоко за време на борбата за старателство, кршејќи ја судската одлука.

„Звучам како да немам чувства. Но, тогаш живеев на фарма во Ајова“, продолжила Кјоко, „немавме телевизор. Многу луѓе не разбираат дека постои таков начин на живот.“


Во тоа време, Јоко веќе била во брак со Ленон, пејачот и гитарист на Битлси, кој беше убиен во декември 1980 година.

Во 1971 година, Кокс и неговата нова сопруга Мелинда Кендал ја однеле Кјоко во Шпанија и ја запишале во градинка за медитација во Мајорка. Јоко дознала за овој потег преку нејзините адвокати, по што таа и Ленон веднаш отпатувале во Шпанија за да ја земат Кјоко од училиште.

Сепак, тие биле уапсени во хотелска соба под обвинение за киднапирање.

На крајот, Кјоко и нејзините родители завршиле на суд, каде што судијата го прашал девојчето со кого сака да живее. Иако не сакала да избере, судијата инсистирал.

„Реков „со тато“, а мама беше многу вознемирена … Се чувствував како да морам да направам невозможен избор.“


Објаснувајќи ја својата одлука, Кјоко рекла: „Мајка ми и Џон беа неверојатно зафатени луѓе. Кога останував со нив, најчесто бев со дадилка, а понекогаш дури и не ги гледав цел ден. А со татко ми и маќеата – бев нивното единствено дете.“

Кокс на крајот ја вратил Кјоко во Соединетите Држави, а на Бадник 1971 година и покрај тоа што Јоко имала право на посета, тој одбил да ја доведе Кјоко кај неа.

„Кога го напуштивме Хјустон, бевме во бегство. Отидовме во Лос Анџелес, потоа во црква поврзана со нашата црква во Хјустон … и тие нè примија накратко. Потоа рекоа: „Се молевме за тебе и одлучивме дека навистина треба да ја вратиш Кјоко кај нејзината мајка, што мојот татко не сакаше да го чуе.“

Потоа Кокс го преселил своето семејство во „Дружината на живиот збор“ – култ кој бил затворен во 2018 година поради обвинувања за сексуално вознемирување.

„Денес, како возрасна, најголемата иронија за мене е тоа што, на некој начин, избегавме од култот кога ги напуштивме Битлси, Џон и Јоко. Луѓето се фанатици во врска со тоа, речиси како членови на култ“, објаснила Кјоко.


„Многу се плашев од тоа ниво на слава. Затоа животот во таа едноставна христијанска заедница ми изгледаше безбеден, како полесен живот“, додава таа.

Во овој период, Кјоко вели дека никогаш не се зборувало за нејзината мајка или за Џон Ленон, но честопати му велела на татко ѝ: „Навистина сакам повторно да стапам во контакт со мајка ми“.

Откако пораснала, се омажила за Џим Хелфрих во 1992 година и станала учителка, Кјоко решила да ја контактира Јоко.

„Дотогаш веќе шест години предавав во јавно училиште. И навистина почнав да ги разбирам децата и семејствата подобро од моите родители. Мајка ми веднаш сакаше да ме види и почнавме да поминуваме време заедно.“


Денес, Кјоко живее мирен живот, далеку од рефлекторите. Со Хелфрих, од кого се развела во 2018 година, таа има две деца – Еми (27) и Џон (25).

Сепак, таа сака да ја раскаже својата приказна каква што навистина била и да фрли светлина врз односот меѓу нејзината мајка и очувот. Јоко и Ленон имале еден син, Шон (49), додека Џон имал син, Џулијан (62), од претходниот брак со Синтија Ленон.


„Не ме интересира да бидам јавна личност. Но, јас сум сепак ќерка на мајка ми и сакам приказната да биде раскажана како што треба.“


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk