Одвај преживеала три мозочни удари и инфаркт, а сега гордо носи венчаница – се омажи популарната пејачка

Кармин

26/05/2025

10:10

4.319

Големина на фонт

а а а

Деми Ловато и Џордан Лутс се запознале во 2022 година. Соработката на нејзиниот албум „Holy Fu*k“ завршила со убава љубовна приказна, а тој ја запросил во декември 2023 година.

Изминатиот викенд љубовниците го изговориле судбоносното да во Калифорнија. Пејачката за својот голем ден избрала креација од популарната модна дизајнерка Вивиен Вествуд, а за „Vogue“ открила зошто сакала да носи баш нејзина венчаница.

„Веќе подолго време сум нејзин фан. Додека размислував за тоа каква венчаница сакам, често се враќав на нејзините дизајни, односно на тоа како силуетата ги дополнува облините, а ми се допаѓа и тоа што таа користи корсети“, изјавила Ловато.

Модниот тим на познатата дизајнерка од Лондон допатувал во Лос Анџелес за да ја сошие оваа венчаница.

Како што вели пејачката, корсетот особено ѝ се допаднал, а самиот дизајн во одреден дел е инспириран од фустаните од 18 век. Откако го завршила формалниот дел од венчавката, се пресоблекла во фустан без рамки украсен со бисери кој исто така го дизајнирала Вивиен Вествуд.

„Бисерите се посебен елемент. Секој детаљ е рачно изработен, еден по еден. Тоа е единственото парче поради кое се чувствувам посебно“, изјавила пејачката.

Била на раб на животот

Да ве потсетиме, Деми во 2021 година открила што ѝ се случило откако во 2018 година се предозирала.

„Имав три мозочни удари, имав инфаркт. Лекарите тогаш рекоа дека ми останале само 10 минути живот“, изјавила актерката во документарецот.

Имала и последици:

„Имам оштетување на мозокот и денес се борам со последиците. Не возам автомобил затоа што имам проблеми со видот“, истакнала таа и додала дека долго време имала проблеми и со читањето:

„Навистина беше голема работа кога успеав да прочитам книга, затоа што видот ми беше многу замаглен“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk