Меланија Трамп и Уша Венс пред неколку денови присуствувале на традиционалниот „ручек за сопругите на американските сенатори“ во Националната галерија во Вашингтон.
Тој настан се организира секоја година за да се истакне улогата на сопругата, а домаќинка е првата дама на Америка која со свој официјален разговор за важни национални теми, но и оние важни за доброто на сопругите на членовите на сенатот го води настанот.
Меланија Трамп и Уша Венс се покажале како неверојатен тандем. Првата и втората дама на Америка ги спојуваат голем број заеднички детали, а по инаугурацијата на Доналд Трамп на 20 јануари во Вашингтон и откако Џеј ди Венс стана потпретседател на САД, многу надежи се вложуваат и во госпоѓа Трамп и госпоѓа Венс. А, тоа секако дека било оправдано.
Меланиај и Уша имаат целосно различни модни стилови, но и двете имаат добар вкус. Втората дама на САД носела син, асиметричен фустан и рамни чевли со неутрална боја. Таа гордо ја истакнува својата природна коса и дискретно се шминка.
Меланија Трамп носела костим и кафеава кошула, креација на модната куќа „Долче и Габана“. Таа како вљубеничка во модата не ги пропушта боите кои се во тренд, но ни најавата на враќањето на кафеавата облека.
Ременот којшто го носела бил од модната куќа „Ралф Лорен“, додека пак салонките од модната куќа „Маноло Бланк“.
Салонките биле комбинација од кафеава и бела боја кои се вистински моден погодок или модна грешка, во зависност од тоа со што ќе ги комбинирате.
Мали биле шансите Меланија Трамп да не направи моден погодок и добитна комбинација.
Ви се допаѓаат ли модните комбинации?