Најстарата ќерка на актерите Бен Афлек и Џенифер Гарнер, Виолет неодамна откри дека се карала со мајка ѝ во хотелска соба за време на катастрофалните пожари во Лос Анџелес.
Имено, тие влегле во дискусијата за климатските промени откако морале да го напуштат својот дом поради разорните пожари што го зафатија Лос Анџелес во јануари оваа година.
„Ги поминав јануарските пожари во Лос Анџелес карајќи се со мајка ми во хотелска соба“, напишала Виолет, пренесува „Њујорк пост“.
Таа го критикувала однесувањето на „богатите граѓани“, обвинувајќи ги за климатската криза. Гарнер била запрепастена од обемот на пожарот во соседството каде што ги одгледала своите деца, а Виолет била изненадена што нејзината мајка воопшто била изненадена.
„Како личност родена и израсната во Лос Анџелес и член на генерацијата „Зет“, свесна за климатските промени, моето прашање никогаш не беше дали Палисејдс ќе гори, туку кога. Додека разговарав со возрасните во хотелот каде што избегавме од чадот, сфатив дека моето мислење не е вообичаеното. Луѓето зборуваа за тоа колку време ќе биде потребно за обнова, колку ќе чини и колку трагично чудна е целата ситуација“, објаснила таа.
Бен Афлек остана во добри односи со својата поранешна сопруга Гарнер, со која има три деца, а на почетокот на оваа година официјално се разведе од Џенифер Лопез, со која беше во брак повеќе од две години. Виолет беше блиска со Џенифер Лопез, но откако дозна за разводот, таа ја заврши комуникацијата со Лопез.