Познатата манекенка Криси Тајген претходно отворено прозборе за козметичките процедури, а неодамна се одлучила за уште една.
Имено откри дека се подложила на хируршка процедура за спуштање на линијата на косата. Пред да го соопшти ова, Тејген ги загрижи обожавателите откако се појави во пренос во живо со преврзано лице, но потоа објасни што всушност ѝ се случило.
„Многумина од вас прашуваат за мојата фотографија од болница, што е разбирливо со оглед на тоа што не ви дадов никакво објаснување. Имав процедура за спуштање на линијата на косата. Изгубив многу коса напред поради децата и ми беше многу ретка горе. Кога ќе ме видите на црвениот килим, секогаш се работи за екстензии“, напиша таа на Инстаграм.
Манекенката додаде дека подоцна ќе сподели повеќе детали за нејзиното закрепнување.
Тејген им се обрати на следбениците од болничкиот кревет во четврток, а тие беа особено загрижени бидејќи нејзиното лице беше целосно покриено со завои. Исто така, лицето ѝ изгледаше многу отечено, но тоа не ја спречи да се насмевне пред камерата.
Криси и претходно отворено зборуваше за козметичките процедури. Во 2020 година, таа откри дека ставила импланти за гради кога имала 20 години, но исто така призна дека ги отстранила имплантите затоа што се заморила од нив.
„Сакав да можам да закопчам фустан во моја големина, удобно да легнам на стомак“, рекла таа тогаш.
Една година подоцна, таа правела зафат за отстранување на букални масти, односно отстранување на маснотии од образите, а во 2017 година признала дека правела липосукција под пазувите.