„Ме тераа да лажам дека сум девица, иако имав интимни односи од 14 години“: Бритни Спирс открива кој стои зад најголемата лага за поп принцезата

Кармин

28/05/2025

10:44

1.874

Големина на фонт

а а а

Бритни Спирс не престанува да изненадува со разголените видеа кои ги објавува на социјалните мрежи.

На последната Инстаграм објава таа танцува во розов фустан, се витка, мавта со главата и тоа на песната „Carry Out“ која заедно ја снимиле Тимбаланд и Џастин Тимберлејк, нејзиното поранешно момче.


Бритни Спирс за нивната врска и односот, пишувала во своите мемоари „The Woman in Me“ („Жената во мене“). Како што објаснила во книгата, таа во јавноста била претставена како девица кога ја стекнала славата. На почеток, како што вели пејачката, се согласила на тоа.

„Вистината е дека доколку си млад и слободен во Холивуд, и доколку почнат да кружат гласините дека си имал интимни односи, веднаш те прогласуваат за промискуитетна“, напишала пејачката, додавајќи дека токму тоа била причината поради тоа што нејзиниот ПР тим ја создал целата приказна за неа како невина девојка.

Меѓутоа, реалноста била целосно поразлична. Во тоа време пејачката била во врска со Џастин Тимберлејк и таа приказна едноставно немала смисла.


„Поради тоа што имав многу тинејџерски фанови, моите менаџери и ПР тимот долго се обидуваа да ме прикажат како вечна девица, иако Џастин и јас живеевме заедно, а јас имав интимни односи од мои 14 години“, напишала Бритни, додавајќи дека таа лажна слика ѝ нанела повеќе штета отколку корист.

Да ве потсетиме, Бритни во текот на поголемиот дел од својата кариера била под надзор. Од 2008 до 2021 година била под старателство на својот татко којшто имал целосна контрола врз неа, па дури и над нејзините финансии.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk