Бразилската манекенка Алесандра Амбросио (44) се појави спектакуларно облечена на црвениот тепих на 78. Кански филмски фестивал. За време на свеченото отворање, манекенката ги воодушеви сите со изборот на фустан кој го носеше како да е родена во него
Алесандра Амбросио на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал се појавила во прекрасен смарагдно зелен фустан дизајниран од Ели Сааб.
Елегантниот модел без прерамки Алесандра го дополнила со висок шлиц и драматични ракави од тул кои биле собрани да потсетуваат на крзно со ѓердан и сандали на високи потпетици со каивчиња.
Иако дрес-кодот на облекување на фестивалот годинава е многу строг, таканаречените „голи“ фустани не се дозволени, како и моделите со „шлепови“ на црвениот тепих, а Алесандра исто како и Ирина Шајк го прекршила правилото. Додека Ирина се појавила во фустан кој многу го открива грбот, а долниот дел од креацијата е луксузен и изработен од неколку слоеви, па делува гломазен, Алесандра се одлучила за фустан со „шлеп“. Таа не се двоумела да ја покаже голата нога и да покаже дека и во петтата деценија е затегната како струна.
И покрај кршењето на дрес кодот, според многумина, фустанот на Алесандра Амбросио на црвениот тепих на овогодишниот филмски фестивал во Кан е полн погодок.
Како вам ви се допаѓа овој гламурозен фустан?