Во исхраната користи само една група намирници – како Шарлиз Терон успеала да „стопи“ над 23 килограми без гладување?

Кармин

28/04/2025

12:22

1.787

Големина на фонт

а а а

Нејзиниот талент, но и подготвеност на екстремни физички предизвици дополнително ја издвоија меѓу најценетите актерки на денешницата.

Холивудската дива и добитничка на Оскар, Шарлиз Терон е позната по својата посветеност на секој лик којшто го толкува, но понекогаш тие трансформации барале и сериозни физички промени.

Во текот на кариерата двапати морала значително да се здебели поради филмски улоги покажувајќи колку е посветена на она што го работи. Иако поради тие промени поминала низ тешки фази, Терон секојпат успеала да ја врати својата препознатлива витка фигура.


Нејзината приказна за трансформациите не е само приказна за килограмите туку и за силата, дисциплината и разбирањето на телото низ различни животни фази.

Првата драстична физичка промена се случила во 2003 година за улогата на сериски убиец Ајлин Вурнос за што доби и Оскар. За што поверодостојно да го прикаже својот лик, Шарлиз морала да го смени целиот начин на живот и во краток рок да се здебели 15 килограми.

„Цела своја кариера се обидувам да се трансформирам во своите ликови, а ова беше само поекстремна верзија на тоа. Имав три месеци да се здебелам. Не беше особено тешко, едноставно престанав да одбивам крофни и колачи полни со крем и престанав да вежбам“, објаснила таа.

Сепак, тоа не била единствена прилика своето тело да го смени за улога. Во 2018 година за потреби на филм повторно морала значајно да се здебели – 23 килограми.

„Кога имав 27 години и глумев во „Чудовиште“, лесно го изгубив вишокот килограми, дури прескокнувајќи по три оброци дневно. Меѓутоа, кога имав 43 години се обидов тоа да го направам пак, но сфатив дека повеќе не е толку едноставно“, признала актерката низ насмевка.

Додала дека се консултирала со доктор поради тоа што била загрижена затоа што не можела да ослабне, на што тој рекол: „Имаш над 40 години, твојот метаболизам повеќе не е ист“.


„Тоа беше тешка вистина која никој не сака да ја слушне“, искрено рекла Шарлиз.

А, како успеала да ја врати својата линија после толку големи трансформации? Нејзината филозофија е едноставна – правилна исхрана и физичка активност.

Таа открила дека избегнува алкохол и се грижи за секој залак кој го јаде. Нејзината исхрана се базира на свеж зеленчук којшто е нискокалоричен, а богат со растителни влакна и хранливи материи.

„Пијам многу свежи сокови, јадам кељ и зелена салата секој ден. Кога се хранам здраво, спијам доволно и не пијам алкохол, се чувствувам најдобро“, изјавила актерката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk