Ерин Де Ниро, 29-годишната ќерка на холивудскиот актер Роберт Де Ниро и поранешната манекенка Туки Смит, за првпат јавно проговори за својата родова припадност.
Во интервју за списанието „Дем“, таа откри детали од својот пат на самооткривање и процесот на прифаќање на сопствениот идентитет како трансродова жена.
Ерин започнала со хормонска терапија во ноември 2024 година, а денес чувствува поголема поврзаност со самата себе. Таа вели дека на овој пат особено влијание имале црномурестите жени, со кои се чувствува длабоко поврзана.
„Мислам дека голем дел од мојата транзиција дојде како резултат на влијанието што го имаа врз мене црните жени. Влегувањето во овој нов идентитет, истовремено со погордо прифаќање на моето црно потекло, создаде чувство на блискост“, вели таа.
Сепак, Ерин признава дека чувствувала страв — не за себе, туку за тоа како ќе ја доживее нејзиното семејство.
„Дел од мене се плаши дека моите најблиски и понатаму ќе ме гледаат како личноста што бев пред транзицијата“, вели таа искрено.
На прашањето каде ја пронашла инспирацијата за својата храброст, Ерин наведува трансродови жени како Лаверн Кокс, Михаела Жа Родригез и Џулс Леброн.
„Кога ги видов овие жени како отворено зборуваат за себе, особено на социјалните мрежи, и гледав што сè постигнале, си помислив: ‘Знаеш што? Можеби сепак не е доцна за мене.’ Можеби и јас можам да почнам“, раскажува Ерин.
Ерин има брат близнак, Џулијан Де Ниро. Тие се одгледувани подалеку од јавноста, откако нивните родители одлучиле да ги заштитат од медиумската изложеност додека не пораснат.
Покрај нив, Роберт Де Ниро има уште пет деца: Дрена (57) и Рафаел (48) од бракот со Дијан Абат, Елиот (27) и Хелена (12) од поранешната сопруга Грејс Хајтауер, како и најмладата ќерка Џија (2), која ја има со актуелната партнерка Тифани Чен.