Познатата тенисерка Серена Вилијамс, беше една од гостинките на гала вечерата на магазинот „Тајм“, при што пат ја покажала целата своја сексапилност.
Инаку магазинот „Тајм“ секоја година објавува листа на највлијателни познати личности за таа година. Листата се вика „Time 100“, а оваа година на листата се најде и самата Вилијамс.
На црвениот килим таа се прошета во сексапилна црна креација, дизајнирана од англиската дизајнерка Стела Мекартни, и како што може да се забележи – фустанот совршено прилега на нејзиниот облик на тело.
Серена го надополнила својот стајлинг со впечатлив сребрен ѓердан и црни чевли.
И покрај шпекулациите дека користела Оземпик за да ги изгуби вишокот килограми, едно е сигурно – Серена Вилијамс изгледа совршено.
Се чини дека пензионирањето, и тоа како ѝ годи, а исто така сега може мирно да ужива во семејниот живот, но и во титулата ненадмината легенда на женскиот тенис.