Има многу повеќе пари отколку најголемите ѕвезди заедно – сигурно не би погодиле која е најбогатата актерка на светот

Кармин

25/04/2025

11:35

1.624

Големина на фонт

а а а

Ги одбележа 80-тите и 90-тите со бројни улоги и спаѓа меѓу оние актерки на кои многумина не можат да им го запомнат името иако се многу успешни, а приказната за тоа како стекнала дури 12 милијарди долари е многу интересна.

Успехот во Холивуд, покрај професионалните обврски и светска слава, носат многу пари, па некои од најпопуларните светски актери на сметка имаат милиони долари. Актерката Џејми Герц е една од најбогатите.

Кариерата на Џејми Герц

Американската актерка која започнала да се занимава со актерство уште како дете ја добила својата голема можност во текот на 80-тите години кога играла во филмот „Endless Love“, но и во ситкомот „Square Pegs“.


Потоа следеле низа улоги кои ја лансирале меѓу популарните актерки. Изминативе години работела помалку, па така последната улога ја забележала во 2022 година во филмот „I Want You Back“. Сепак богатството на Џејми денес се проценува на дури 12 милијарди долари, според податоците на платформата „Clebrity Net Worth“. Со други зборови, таа има повеќе пари од 10-те најбогати актерки на светот заедно.

Како се збогатила?

Познатата актерка од 1989 година е во брак со Тони Реслер кој во моментот кога се запознале бил млад и перспективен бизнисмен. Во времето кога се заљубиле и венчале, актерката заработувала повеќе од Реслер.


„Сите мислат дека се омажив поради богатството. Но, имав повеќе пари, многу повеќе отколку Тони кога се запознавме“, изјавила таа во 2018 година, па додала: „Мојот успех до ултрабогатството не се случи затоа што се венчав за богатиот Тони Реслер“.

Откако се венчале основале и семејство кое денес е составено од тројца синови, а потоа започнале и деловно да соработуваат.

„Својата актерска кариера ја ставив во втор план и се концентрирав на заеднички вложувања со Тони“, објаснила актерката.

Како што истакнала, тие биле подготвени да ризикуваат и постепено заедно го граделе богатството.


Прво Тони во 1990 година ја основал фирмата „Apollo Global“, а потоа во 1997 година и „Ares Managment“. Одлично работеле, а еден од најважните потези бил купувањето на кошаркарскиот клуб Атланта хокс.

Џејми и Тони се познати како големи филантропи, па ја основале и Фондацијата Реслер-Герц која изминативе децении донирала милиони во уметноста, образованието и здравството.


„Најголемиот дар којшто некому може да му го дадете е вашето време, кога давате време давате дел од својот живот којшто никогаш нема да може да го вратите“, изјавила актерката своевремено.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk