[ФОТО/ВИДЕО] Блејк Лајвли во магичен фустан – „По стоти пат“ докажа дека е неприкосновена божица на модата

Точка

28/04/2025

12:03

1.511

Големина на фонт

а а а

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс блеснаа на црвениот килим на премиерата на нејзиниот најнов филм „Another Simple Favor“, која се одржа вчера.

Актерката им се придружи на режисерот на филмот Пол Фиго и нејзината колешка Ана Кендрик, а целата атмосфера зрачеше со емоции и елеганција.


Иако парот моментално е во центарот на спорна правна битка со режисерот Џастин Балдони, со кого Блејк Лајвли соработувала на адаптацијата на романот „It Ends With Us“, тоа не ги спречи да зрачат љубов и оптимизам, и приватно и професионално.

Блејк долго време се смета за „модна божица“, а ниту овој пат не разочара. Таа блесна во син фустан кој ја истакна нејзината совршена фигура. Горниот дел од фустанот е составен од ленти кои формираат корсет, а долниот дел лелеаво се спушта надолу.



Фустанот е впечатлив сам по себе, а Блејк совршено го надополни со неколку едноставни детали, како што се нараквици, обетки, прстени и сребрени потпетици.


Во однос на фризурата, актерката се решила за едноставна, брановидна фризура, која совршено се вклопи со бајковитиот фустан, а од друга страна и шминката беше едноставна, незабележлива и само ја нагласи нејзината природна убавина.


Рајан пак носел сиво одело, а парот, како и секогаш, беше добро расположен и разменуваа нежности.

Инаку, Блејк веќе некое време е мета на критики поради спорот со Балдони, со кого глумела во филмот „It Ends With Us“. Токму ова ги подели обожавателите, а многумина од нив негативно ги коментираат нејзините јавни настапи.

„Немам ништо убаво да кажам за неа, па затоа ќе се одјавам за вечерва“, „Имам чувство како премногу да се труди“, „За жал никој не ја сака Фејк Лајвли толку многу за да го гледа филмот, на штета на сите останати актери и екипата. Затоа, веројатно филмот веднаш заврши на Прајм“, беа само дел од коментарите.


Меѓутоа, без оглед на негативните коментари, Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс имаа низа јавни настапи во изминатите неколку дена, прво на 25 и 26 април го бодреа фудбалскиот тим на Рејнолдс, Врексам, а нежниот бакнеж на Рајан на челото на Блејк ја разнежи публиката. Потоа парот присуствувал и на свечената гала-вечера на „Time100“, каде што Лајвли во емотивниот говор суптилно алудирала на нејзината тешка правна битка.

„Вечерва сакам да зборувам за моќта на женскиот глас. Денес можам да зборувам поради храброста и борбата на многуте жени кои го поплочија патот, како и на мажите кои стоеја покрај нив“, рекла Блејк.


Таа особено ѝ се заблагодарила на мајка си, Елејн, која била покрај неа таа вечер.

„Мајка ми, вечниот оптимист, секогаш ми велеше дека „животот е само чинија цреши“. Но, зад нејзината насмевка стои приказна за неопислива болка, таа ги преживеала најлошите злосторства што некој може да ги изврши врз жена. Цел живот ја гледав како го носи товарот на незаслужениот срам. Денес, кога имам можност да ја споделам нејзината приказна, знам дека ако нешто именуваме, можеме и да го промениме“, нагласи Лајвли низ солзи, пренесува „People“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk