[ФОТО] Бомба од Москва! Тајниот син на Владимир Путин фотографиран за првпат?! Ова е момчето што наводно го добил со „првата љубовница на Русија“

Кармин

22/04/2025

18:00

3.135

Големина на фонт

а а а

Наводниот таен син на Владимир Путин и неговата долгогодишна партнерка, поранешната гимнастичарка и олимписка шампионка Алина Кабаjева, за прв пат е виден во јавност, пренесува опозицискиот руски Telegram канал „VChK-OGPU“.

Момчето, за кое се вели дека се вика Иван Владимирович Путин и има околу 10 години, досега беше целосно скриено од очите на јавноста.

На фотографијата објавена од каналот со врски со руските безбедносни структури, Иван се опишува како „најосамното момче во Русија“ кое речиси и да нема контакт со врсниците и живее под постојан надзор на дадилки, учителки и чувари. Наводно, тој има и помлад брат Владимир, кој има 4 години.

Путин никогаш јавно не ја признал својата врска со Кабајева, ниту дека имаат деца, иако за време на телевизиско гостување минатата година алудираше на „малите членови на семејството“ со кои гледа бајки.

Официјален Кремљ продолжува да го негира постоењето на нивната врска, иако независниот истражувачки центар „Dossier Centre“ тврди дека има докази за постоење на два сина од таа врска.

Децата, како што се тврди, живеат под строг режим без контакт со други деца, се школуваат исклучиво во луксузните резиденции на Путин, под постојана заштита на службата ФСО, слично на она што некогаш го правеа руските цареви. Во образованието им помагаат гувернанти - порано од Обединетото Кралство и Нов Зеланд, а сега од Јужна Африка, поради влошените односи со Западот.


Путин е познат по строгата приватност. Еднаш изјави: „Имам приватен живот во кој не дозволувам мешање“.

Тој, исто така, ги осуди „оние кои со нивните лигави носеви и еротски фантазии душкаат во туѓите животи“.

Алина Кабајева, која сега има 41 година, некогаш позирала речиси гола за магазинот „Maxim“, а позната е и по интригантните изјави од минатото - вклучувајќи ја и онаа кога во една ТВ емисија изјави дека го нашла „совршениот маж“, но не сакала да го открие неговиот идентитет.

Објавувањето на фотографијата на Иван доаѓа откако главниот канал „VChK-OGPU“ неодамна беше затворен на „Telegram“, што се толкува како обид на Кремљ да ги потисне информациите.


Иако „Dossier Centre“ тврди дека има слики од двете момчиња, одлучиле да не ги објавуваат од етички причини, но инсистираат дека нивниот раскошен живот е оправдано предмет на јавен интерес.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk