Марко Ѓоковиќ, помалиот брат на Новак, не го сака вниманието на јавноста, а би рекле ниту луксузот и гламурот што може да му ги донесе крвното сродство со најдобриот тенисер на сите времиња.
По неуспешниот обид да изгради тениска кариера, тој одлучи да се пензионира и да изгради стабилен, мирен и едноставен семеен живот во Марбеља, каде живее во скромен дом со својата избраничка Летиција Тесари.
Помладиот брат на Новак Ѓоковиќ, исто како и неговата девојка, не сака многу да се експонира, а според фотографиите кои повремено ги споделуваат на социјалните мрежи, можеме да заклучиме дека не се заинтересирани за грандиозни вили и луксузни работи, со оглед на тоа што нивниот дом е полн со едноставен, достапен и прекрасен мебел и украсни елементи, што е сосема неочекувано за некој кој доаѓа од богато семејство.
Сепак, јасно е дека Марко Ѓоковиќ, кога знаеме низ какви психолошки тешкотии поминал, првенствено ги цени мирот, спокојството и животот како таков.
Парот нема деца, но воопшто не им е здодевно бидејќи имаат две кучиња за друштво. Тие често позираат за фотографии кои ги гледаме на нивните социјални мрежи, па можеме да ги видиме милениците како се кријат меѓу перниците на каучот во дневната соба или кога наместо јака носат акредитации на Марко од турнирите ширум светот.
А кога станува збор за уредувањето на домот на средниот син на Срѓан и Дијана Ѓоковиќ и нивната снаа, модна дизајнерка по потекло од Бразил, сè е прилично скромно, но повторно направено со многу вкус. Луксузот, очигледно, има поинакво значење за нив.
Мебелот е едноставен, практичен и модерен, во согласност со потребите на современиот човек, а боите се неутрални и првенствено доминира сивата боја.
На полиците во дневната соба доминираат голем број книги, а тука се и неколку уметнички слики, фотоапарат од „Polaroid“ и заедничка фотографија. Накратко, на Марко и Летиција им треба малку душевен мир, а токму тоа е она што му „купува“ душевен мир на човекот.