Иако често се вели дека јагодите во фрижидер можат да траат од три до седум дена, всушност тие започнуваат да скапуваат веќе по вториот ден.
Иако многу луѓе ги мијат пред да ги складираат, ова всушност ја зголемува влажноста и го забрзува појавувањето на мувла “.
Експертите откриваат ефикасни начини што можат да им помогнат на јагодите да останат свежи подолго.
„Препорачуваме неизмиените јагоди да се чуваат во фрижидер, во нивното оригинално пакување, до пет дена. Ставете ги што е можно поскоро и чувајте ги на суво. Идеалната температура е помеѓу 0 и 1 степен Целзиусов“, изјави Франсес Дилар, директор за маркетинг на производител на свежи јагоди со седиште во Калифорнија.
Местото во фрижидерот игра важна улога, како и пакувањето во кое се чуваат. Нутриционистот Нишол Дандреа-Расерт истакнува: „Чувајте ги јагодите во фиоката за овошје и зеленчук, во нивното оригинално пластично пакување или во пластична кеса што е малку отворена или има дупки, за да ја одржите оптималната влажност.“
„Миењето на јагодите пред складирање создава дополнителна влага, што може да го забрза расипувањето и да создаде идеална средина за развој на мувла“, предупредува Дандреа-Расерт.
Најдобриот начин да ја зачувате свежината на јагодите е да ги чувате суви додека не планирате да ги јадете. Кога сакате да ги јадете, едноставно исплакнете ги под ладна вода додека листовите и стеблата се сè уште залепени, а потоа внимателно исушете ги со хартиена крпа.
Експертите за бобинки советуваат секогаш да го проверувате датумот „најдобро до“ на пакувањето и да обрнете внимание на бојата на јагодите.
„Избегнувајте јагоди кои ја изгубиле својата боја, имаат големи зелени или бели дамки, станале меки, лепливи или почнале да мувлуваат. Не ги оставајте на собна температура освен ако не планирате веднаш да ги јадете“, нагласуваат експертите.