Истражувањата велат: Доколку се сеќавате на овие нешта, сте имале среќно детство

Точка

23/04/2025

11:06

1.050

Големина на фонт

а а а

Среќните спомени од детството не само што оставаат траен емоционален белег, туку, според истражувањата, можат да ја подобрат емоционалната благосостојба во зрелоста преку поттикнување чувства на благодарност и позитивно размислување.

Квалитетното родителство – засновано на емпатија, поддршка и заемно почитување – обликува спомени кои често стануваат основа на емоционалната издржливост, подобра самодоверба и способност за формирање здрави односи подоцна во животот. Така, според истражувањата, најсреќните деца често имаат три спомени од детството.

Читање пред спиење

Ако се сеќаваме на вечерите поминати со книги, кога вашите родители ви читале или кога заедно избиравте приказни пред спиење, тоа веројатно имало силен ефект врз вашиот емоционален и интелектуален развој. Едно истражување покажало дека родителите кои редовно читаат со своите деца значително придонесуваат за подобро разбирање на прочитаното, побогат речник и поголема мотивација за учење.


Но, овој ритуал ги надминува само академските придобивки. Според истражувањата, раскажувањето приказни има терапевтски ефект и придонесува за зајакнување на семејните односи, пишува „YourTango“.

Неделни семејни вечери

Заедничките оброци, особено редовните како неделните вечери, се поврзани со голем број долгорочни придобивки. Експертите од Харвард истакнале дека ваквите оброци им даваат на децата подобри навики во исхраната, повисоки нивоа на самодоверба, подобра ментална стабилност и помал ризик од депресија, анксиозност и нарушувања во исхраната.


Иако само една третина од семејствата ги практикуваат редовно, овие вечери не се само за храна – тие ги зближуваат членовите на семејството.

Семејни патувања

Семејните патувања, дури и пократките, имаат силно влијание врз односите, покажале истражувањата. За време на патувањето, семејствата излегуваат од нивната секојдневна рутина и создаваат заеднички „тимски“ идентитет, кој може да ја подобри комуникацијата и да ги зајакне врските меѓу членовите.


Иако многу домаќинства денес немаат можност да одат на подолги патувања, дури и пократките активности како што се одење во продавница или прошетка може да обезбедат слично чувство на блискост и припадност.

Ако имате вакви спомени од детството, тие веројатно се одраз на внимателно, топло и поддржувачко родителство – такво што остава трага на вашиот возрасен живот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk