Велики Петок е најтажниот ден во христијанството — денот кога се сеќаваме на страдањата и распнувањето на Исус Христос.
Во овој ден се воздржуваме од веселба, музика, работа и мрсна храна. Наместо тоа, трпезата треба да биде скромна и посна.
Во продолжение ви претставуваме автентични рецепти од монасите од Света Гора — едноставни, но полни со вкус, подготвени со љубов и смирение.
Состојки:
• 10 пиперки
• маргарин или посно масло
• трошки
• брашно
• сол и бел бибер
Подготовка:
Испечете ги пиперките, излупете ги и оставете ги да се исцедат. Посолете. Потоа извалкајте ги во брашно, па во растопен маргарин, и на крај во трошки. Наредете ги во подмачкан сад и запечете ги 10 минути. Посипете со бел бибер и послужете ги топли или ладни.
Состојки:
• 10 сушени црвени пиперки
• 200 г грав или ориз
• 3 чешниња лук
• масло
• мелен пипер
• сол и бибер
• нане
• 50 г мелени семки или јаткасти плодови
Подготовка:
Гравот сварете го (или оризот), додајте пропржен кромид со зачините, лукот и јаткастите плодови. Наполнете ги пиперките, наредете во сад, прелијте со масло и запечете. Одлични се и ладни.
Состојки:
• 1 чаша ситно сечкан целер
• 1 чаша компири
• ½ кромид
• 2 лажици маслиново масло
• 1 лажица брашно
• ½ лажичка мелен пипер
• сол, бибер, сок од лимон
• свеж праз или целер лист
Подготовка:
Компирите и целерот сварете ги заедно. Во друг сад пропржете брашно со пипер и додадете го во супата. Завршете со лимон и свежи листови од праз.
Грав
Состојки:
• 400 г грав
• 400 г кромид
• ¼ литар масло
• сушена пиперка
• мелена пиперка
• нане, сол и бибер
Подготовка:
Гравот сварете го (менувајќи ја првата вода). Кромидот испржете го со зачините. Измешајте го со гравот, наредете во сад и печете. Може да се додадат и прстени од домати или печени пиперки одозгора.
Состојки:
• 1 кг крап
• 3 чешниња лук
• 1 кромид
• масло, сол, мелен пипер
• 1 лажица брашно
Подготовка:
Крапот исчистете го, посолете го и наполнете го со парчиња лук. Наредете го врз кромид во подмачкан сад. Направете смеса од брашно, пипер и масло и прелијте. Печете во рерна додека не порумени.
Состојки:
• 5 пастрмки
• 6 лажици брашно
• 3 лажици масло
• лимон
• магдонос
Подготовка:
Посолете ја рибата, извалкајте во брашно и пржете додека не добие златна боја. Послужете со лимон и свеж магдонос.
Состојки:
• 200 г леќа
• ½ дл масло
• 1 домат
• 1 главица кромид
• магдонос
• сол и бибер
Подготовка:
Сварете ја леќата, изладете ја и зачинете ја со масло, кромид, домат и магдонос. По желба додадете и оцет.