Не фрлајте ги лушпите од велигденските јајца: Тие се вистинско богатство – еве за што може да ги искористите

Кармин

22/04/2025

14:19

1.590

Големина на фонт

а а а

Полека се збогуваме од Велигден – празникот на радоста, собир на семејствата и присетување на воскреснувањето на Христос.

Освен што се главно обележје на овој празник и што носат посебна радост со своите бои, нашите баби знаеле максимално да ги искористат јајцата, односно дури и нивните лушпи.


Она на што ретко кој ќе се сети е дека тие наизглед безвредни шарени лушпи можат да имаат многу корисна примена и тоа во домаќинството и градината.

Имено, лушпите од јајца може да се искористат така што на нашите растенија да им дадеме дополнително зајакнување. Но, тоа не значи дека треба само да ги закопате лушпите во првата саксија која ќе ја видите.

Пред тоа потребно е да ги измиете со ладна вода, да ги оставите да се исушат, а потоа да ги сомелете додека не добиете прав.


Во таква состојба може да ги ставите во саксија или околу стебло со растение и малку да ги помешате со земја. На овој начин растенијата ќе добијат доволно калциум.

Доколку имате градина, треба да знаете дека ова е одличен начин да се ослободите од полжавите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk