Рецепти за полнети јајца – совршени како појадок или предјадење Креативни идеи за украсување и сервирање
Празничната трпеза беше богата, а јајцата ги бојадисавте со љубов. Но, сега имате полн фрижидер со велигденски јајца. Наместо да ги заборавите и да се расипат, претворете ги во неодолив појадок кој сите ќе го обожаваат! Во продолжение ви донесуваме супер рецепти за полнети јајца – поинакви, вкусни, брзи и идеални како предјадење или појадок.
Без разлика дали сакате класичен вкус со мајонез и сенф, освежителен фил со краставички и копар, или пак нешто зачинето, полнетите јајца се совршен начин за искористување по Велигден. Во продолжение следуваат највкусните рецепти и идеи за полнети јајца, кои можете да ги послужите со тост, млад кромид или сезонска салата. Така, едноставниот појадок ќе добие празничен сјај!
Состојки:
• 8 тврдо варени јајца
• 2 свежи јајца
• 3 лажици брашно
• 3 лажици презла
• 4 ленти сланина
За филот:
• 3 кисели краставички
• 3 лажици мајонез
• 4 лажици павлака
• 1 лажичка сенф
• Малку куркума
• Магдонос по вкус
• Сол и бибер
• 1 лажица масло
Подготовка:
Пресечете ги варените јајца по должина и извадете ги жолчките. Белките валкајте ги во брашно, разматено јајце и презла, па кратко испржете ги во врело масло. Исцедете ги на хартиена крпа. За филот, ситно исечкајте ги краставичките, измешајте ги со мајонез, павлака, пасирани жолчки и куркума. Зачинете, наполнете ги јајцата и одозгора посипете ги со крцкава, искршена сланина и магдонос.
Состојки:
• 8 варени јајца
• 2 лажици презла
• 1 лажица црвена пиперка
За филот:
• 2 лажици мајонез
• 1 лажица кисела павлака
• 100 г шунка
• 2 кисели краставички
• Сол и бибер по вкус
Подготовка:
Пресечете ги јајцата, извадете ги жолчките. Белките кратко притиснете ги во мешавина од презла и пиперка и наредете ги. Жолчките измешајте ги со мајонез, павлака, ситно сечкана шунка и краставички. Наполнете ги белките со смесата и декорирајте по желба.
Состојки:
• 6 тврдо варени јајца
• 1 шолја сок од цвекло
• 1 лажичка сок од лимон
• 3 лажици мајонез
• 2 лажици рен
• 1 лажица рендан кромид
• 1 лажица сечкан магдонос
• Сол и бибер
Подготовка:
Излупените јајца натопете ги кратко во сок од цвекло, исцедете ги. Исечете ги на половина, извадете ги жолчките и изгмечете ги со мајонез, рен, кромид и зачини. Наполнете ги белките и декорирајте со магдонос.
Казино јајца со сардини
Состојки:
• 8 варени јајца
• 2 конзерви сардини во сос
• 1 лажичка лимонов сок
• 4–8 кисели краставички
• 100 г путер
• 2 лажички сенф
• Сол и бибер
Подготовка:
Жолчките изгмечете ги со сенф и растопен путер. Сардините изблендирајте ги со каперси и соединете ги со смесата. Наполнете ги белките со шприц.
Состојки:
• 8 тврдо варени јајца
• 1 зрело авокадо
• 80 г горгонзола
• 1 лажица павлака
• Ситно сечкан млад кромид
• Сол, бибер и лимонов сок
Подготовка:
Изгмечете го авокадото со жолчките, додадете горгонзола, павлака, кромид и зачини. Добро соединете и наполнете ги белките.