Ова убедливо е најважното правило во исхраната на Јапонците: Затоа и се најдолговечната и најздравата нација во светот

Кармин

27/02/2025

13:54

1.676

Големина на фонт

а а а

На самиот почеток на 21 век, Ден Бутнер истражувал формули за долговечност. Тој со години го истражувал светот по места каде што луѓето живеат многу подолго од просекот, а концептот на таканаречените „сини зони“ дошол до израз.

До денес, експедициите ги открија следните сини зони: Окинава во Јапонија, Сардинија во Италија, Икарија во Грција, Никоја во Костарика и Лом Линда во Калифорнија како места со највисоки стапки на живи стогодишници.


Токму овие места се прикажани во серијата на Нетфликс „Тајните на сините зони“, каде Ден го покажува своето откритие, а во првата епизода е приказната за Окинава во Јапонија. Имено, јапонската диета е позната во целиот свет по своите здравствени придобивки. И тоа воопшто не е чудно. Важна компонента на начинот на живот на овие простори е концептот „хара хачи бу“.

Што е „Хара хачи бу“?


Тоа е конфучијанска мудрост која вели дека треба да престанеме да јадеме кога желудникот е полн околу 80 проценти.

Во превод, „хара хачи бу“ значи „јади додека не бидеш сит осум десетини“.


Концептот се заснова на идејата за доволно хранење на телото без преоптоварување. За да го примените овој принцип, прво мора да разберете како функционира ситоста на човечкото тело. Затоа, науката претпоставува дека телото забележува дали стомакот е полн дури по 15 до 20 минути. Тоа значи следно: колку побавно јадете, толку побрзо ќе забележите дека вашето тело е сито. На овој начин ќе избегнете внесување премногу калории. Иако броењето калории всушност не е дел од филозофијата на „хара хачи бу“, истражувањата покажуваат дека жителите на Окинава консумираат во просек од 1.800 до 1.900 калории дневно. Но, тоа во никој случај не е строга диета. „Хара хачи бу“ не забранува некоја посебна храна. Меѓутоа, сè уште има смисла да се замени нездравата храна со здрава. Според истражувањето „Okinawa Centenarian Study“, жителите на островот јадат претежно зеленчук и овошје, но малку месо, житарки, масти, шеќер, сол или полномасни млечни производи. „Хара хачи бу“ учи на едно нешто пред сè, а тоа е свесно јадење. Во многу западни земји е спротивното. Јадењето под стрес таму е вообичаено, а во исто време, како резултат на тоа, често внесуваме многу повеќе калории отколку што ни се потребни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk