Познатата актерка Енди Мекдауел беше една од многуте ѕвезди на црвениот килим на Канскиот фестивал, а за нејзиното модно издание уште долго ќе се раскажува.
Иако правилата не дозволуваат носење на „голи“ и волуменозни фустани, многумина ѕвезди не ги испочитуваа овогодишните правила, а Мекдауел на сите им одржа вистинска модна лекција!
Имено таа се појави на премиерата на филмот „Mission: Impossible – The Final Reckoning“ во класичен црн смокинг со машна. Со ова, таа ги задоволи сите ставки во дрес кодот и покажа дека навистина е дама со стил, па затоа го привлече можеби и најголемото внимание.
Совршено, елегантно, гламурозно, достоинствено, поинакво…
Многу комплименти пристигнуваат на сметка на познатата актерка и нејзиниот моден избор, кој таа го „зачини“ со внимателно избрана фризура и сега веќе препознатливата природна, побелена коса, но и со блескави салонки од Кристијан Лобутин.