Ева Лонгорија Бастон традиционално е меѓу најактивните гости на Канскиот фестивал (13-24 мај). Тоа може да се види на секој чекор, што не го пропуштаат нејзините многубројни фанови. Ја сретнале и додека се шетала со сопругот Хозе Антонио Бастон и синот Сантијаго (7), на кој тоа воопшто не му се допаднало.
Ева Лонгорија Бастон неколку пати се појавила со синот Сантијаго на црвениот тепих, но момчето сè уште не го сфатило концептот на славата која ја опкружува неговата мајка. А кога папараците ја опколиле актерката на фестивалот во Кан, малиот извикал: „Сите ја знаат мајка ми, само престанете да ја фотографирате!“.
Подоцна, синот на Ева Лонгорија забележал постери и списанија со ликот на неговата мајка и налутено прашал: „Кој е тоа?! Зошто си на тие слики?“.
Watch on TikTok
Додека актерката, нејзиниот сопруг и малиот Сантијаго влегувале во хотелот во Кан, се појавиле уште папараци, а момчето продолжило да негодува: „Добро, сите застанете!“, извикал, па ја прашал мајка си: „Зошто го прават ова? Зошто сите те познаваат?“.
Видеата станале вирални на ТикТок и се одличен пример за тоа како медиумското внимание околу познатите личности може да биде голем притисок за нивните деца, особено кога се мали.
Watch on TikTok
Сантијаго реагирал како повеќето негови врсници, бидејќи децата можат да бидат и заштитнички настроени кон своите мајки и многу љубоморни, понекогаш дури и посесивни, во желба „да не ја споделат својата мајка со никого“.
Папараците и обожавателите кои ја следат Ева мора да изгледаат застрашувачки за Сантијаго, а многумина се прашуваат зошто неговите родители сè уште не му објасниле дека неговата мајка е славна личност и дека може да се очекуваат такви ситуации. „Детево до сега беше затворено во својата вила?“, „Не знае дека мама му е позната?“, се прашуваат.
Познатиот пар сигурно го чека вистинскиот момент да му објасни сè на својот син, иако нималку не го кријат од јавноста и медиумите. Но, искрено, Ева е „само мајка“ која сака да шета со семејството и да споделува некои семејни моменти на Инстаграм.
Кога би го прашала Сантијаго, уште долго, долго би се држела подалеку од папараците... А кога момчето веќе реагира вака, тогаш подобро е да не го носат со себе додека демне вакво медиумско лудило.
Ева и Хозе биле малку изненадени од реакцијата на нивниот син, но продолжиле да се шетаат со него во Кан.
Синот на Ева Лонгорија Бастон бил во центарот на вниманието кога се фотографирал со Лионел Меси на стадионот во Мајами на почетокот на оваа година, па ја брзал мајка си да го овековечи со камера тој момент.