Доколку обожувате кремасти и сочни колачи, испробајте го овој рецепт, а ќе ви бидат потребни само 15 минути за да добиете превкусен десерт.
300 гр бисквити со какао
300 гр обични бисквити
2 пудинзи од ванила
100 гр чоколадо
50 гр путер или маргарин
шеќер по желба
1 ванилин шеќер
500 мл млеко
малку млеко за бисквитите
малку бело чоколадо за декорација
Сварете го пудингот во млеко, додадете путер и чоколадо и сè измешајте. Потесен плех обложете со проѕирна фолија. Загрејте малку млеко околу 200 мл, а потоа додадете ванилин шеќер и измешајте. Потопете го светлиот бисквит во млеко, па премачкајте го со крем од пудинг и ставете го во плехот, потоа потопете го темниот бисквит во млеко, премачкајте го и залепете го на светлиот и така до крај.
Покријте со фолија и оставете го колачот 10 минути во фрижидер, а потоа префрлете го на послужавник или друга чинија. Отстранете ја фолијата и премачкајте го со остатокот од кремот и посипете го со рендано бело чоколадо или кокос. Вратете го во фрижидер за повторно малку да се излади и исечете го дијагонално како што е прикажано во видеото.
Извор: Bakina kuhinja