[ФОТО] Преубавата Србинка го „фрли“ Кан под нозете – Со нејзината модна комбинација ги засени сите: Жените ќе се вљубат во овој атрактивен и заводлив фустан

Точка

19/05/2025

10:26

4.568

Големина на фонт

а а а

Познатата српска модна инфлуенсерка на фестивалот во Кан, покажа две прекрасни модни изданија, во знакот на белата боја. На синоќешната премиера на „La femme la plus riche du monde“ таа ги „маѓепса“ сите во фустан што значи најдобар стил на сите светски јазици.

Убавата Тамара Калиниќ се појави во фустан кој совршено ја следи линијата на телото, го нагласува струкот со пеплум крој и деколте, со елемент на корсет. Исклучително женственото издание Калиниќ го надополни со металик сандали, како и прекрасен накит, кој ја комбинира белата и сребрена боја. Па така Канскиот филмски фестивал доби вистински моден спектакл.



Собраната коса дополнително ја нагласи гламурозната модна комбинација и претставува одлично решение како за црвениот килим така и за свадби и разни други свечени настани.



Фустанот кој го носеше Тамара на прв поглед освојува со неговата убавина, привлечен дизајн и заводливост, и наликува на нејзиното прво модно издание во Кан.


Изборот на бела боја е многу мудар потег бидејќи таа е симбол на гламур, елеганција и софистицираност, сè што црвениот килим во Кан го бара, а жените со стил знаат како да го испочитуваат.

Со нејзиниот моден избор светски познатата инфлуенсерка од Србија им „додели модна“ задача на бројни светски ѕвезди, а воедно ја испочитува одлуката – овогодишниот Кански филмски фестивал да биде лишен од голотија и лош вкус.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk