Стив Џобс не сакал да ја признае ќерка си, за подоцна непосредно пред смртта побара од неа нешто бизарно: Исповедта на наследничката на милијардерот го шокираше светот

Кармин

13/05/2025

15:29

1.485

Големина на фонт

а а а

Стив Џобс и Крисен Бренан имале 23 години кога на 17 мај 1978 година во Орегон, на фармата на нивниот заеднички пријател Роберт и со помош на две бабици, им се родила ќерка.

Лиса Бренан-Џобс своевремено говорела за спомените од детството поминати меѓу нејзините отуѓени родители – самохрана мајка и татко посветен на „Apple“.

„Три месеци пред да умре, почнав да крадам работи од куќата на татко ми“, се сеќава Лиса, „шетајќи наоколу боса и ставајќи ги работите во џебовите“.


По секоја кражба Лиза си ветувала дека тоа ќе биде последна, но набрзо ќе ја обземал нагонот да земе уште нешто. Кога еден ден влегла во работната соба каде што тој спиел бидејќи повеќе не можел да се качува по скалите, Стив Џобс бил буден во кревет. Лиса се сеќава дека неговите нозе биле тенки како рацете и дека бил „склопчен како скакулец“. До него стоел будистички монах.

„Добро е да му ги допираш стапалата“, ја советувал монахот и ѝ ги ставил дланките на едната нога.

„Не знаев дали допирањето на стапалото беше наменето за татко ми или мене, или и двете. Реков ’Во ред‘ и го зедов другото стапало на татко ми во тенок чорап. Беше чудно да го гледам неговото лице кога ќе се грчеше од болка или лутина, бидејќи изгледаше слично како кога почнуваше да се смее“, навела Лиса. Тоа му се допаднало на Стив Џобс.

„Добро е така“, ѝ рекол на Лиса и ги затворил очите.


Лиса се сеќава дека ги разгледувала неговите полици, но знаела дека нема да се осмели да украде нешто пред него. Додека тој спиел, таа талкала низ куќата не ни знаела ни сама што бара.

„Ја напуштив идејата за можноста за големо помирување, како што се гледа во филмовите, но сепак постојано доаѓав овде“, вели Лиса. „Пред да се поздравам, отидов во бањата … Додека влегов во неговата соба, тој стоеше. Гледав како ги спојува нозете со едната рака, се сврте за 90 степени туркајќи сè од штицата на креветот со другата рака, а потоа со двете раце ги подигна нозете преку работ од креветот и ги стави на подот. Кога се прегрнавме, можев да ги почувствувам неговите ’рбетни прешлени, неговите ребра. Мирисаше на застоено, како пот од лекови“, се сеќава таа.

Таа му рекла на својот татко дека наскоро повторно ќе дојде и се упатила кон вратата. „Лиса …“, довикнал тој. „Да?“, одговорила таа. „Мирисаш на тоалет“, рекол кратко.

По раѓањето, Џобс тврдел дека Лиса не е негово дете

Додека нејзината мајка била бремена, Стив Џобс почнал да работи на компјутерот што подоцна ќе го нарече „Лиса“. Ќерката на Џобс изјавила дека на свет дошла по тричасовно породување и дека тој дошол да ја види неколку дена подоцна.

„Тоа не е мое дете“, им рекол на сите на фармата на неговиот пријател Роберт во Орегон, градот во кој е родена Лиса.


„Но, тој сепак долета овде за да ме запознае“, истакнува Лиса. Имала црна коса и голем нос, па Роберт рекол: „Таа личи на тебе“.

Родителите го изнеле своето бебе надвор, го легнале на ќебе и почнале да ја прелистуваат книгата со имиња. Стив Џобс сакал да ја нарече Клер. Поминале низ неколку имиња, но не можеле да се договорат, а знаеле дека не сакаат кратка верзија на долго име.

„Што мислиш за името Лиса? го запрашала нејзината мајка.

„Да. Тоа е тоа“, рекол тој.

Следниот ден заминал. Кога ја прашала мајка си зошто му дозволила на Стив Џобс да помогне во изборот на името „кога тој се преправал дека не е нејзиниот татко“, таа ѝ одговорила: „Затоа што тој е твојот татко“.

ДНК тест и тужба за неплатена алиментација Нејзиниот татко, се сеќава Лиса, не помагал во нејзиното растење, додека нејзината мајка чистела куќи и служела како келнерка, така што во 1980 година државниот правобранител на Сан Матео, Калифорнија, поднел тужба против Стив Џобс поради неплаќање алиментација. Џобс одговорил со негирање на татковството, тврдејќи дека е стерилен, па дури и именувал друг маж како татко.


Дошло до тоа дека морало да се направи ДНК тест. Тоа било новина во тоа време и резултатите дале веројатност дека дотичните лица се во сродство онолку колку што инструментот можел да измери во тоа време – 94,4 проценти. Судот му наредил на Џобс да враќа алиментација од 385 долари месечно, која тој ја зголемил на 500 долари, како и здравствено осигурување додека Лиса не наполни 18 години. Случајот завршил на 8 декември истата година, на инсистирање на адвокатите на Џобс да се затвори. Четири дена подоцна „Apple“ излезе во јавноста и преку ноќ Стив Џобс стана вреден над 200 милиони долари.

Но, пред судот да го затвори случајот, Стив Џобс дошол да ја посети својата ќерка во нивниот дом во Менло Парк, Калифорнија, каде што изнајмиле студио. Тоа беше првпат тригодишната Лиса да го види откако е родена во Орегон.

„Дали знаеш кој сум јас? ја прашал.


„Јас сум твојот татко. Јас сум еден од најважните луѓе што некогаш ќе ги сретнеш“, одговорил.

Мајката на Лиса подоцна се присетила дека звучел како „Дарт Вејдер“ (еден од главните ликови на серијалот „Војна на ѕвездите“).

Се сеќава дека татко ѝ дошол кај нив со неговиот црн кабриолет „порше“. Таа со нетрпение ги очекувала неговите посети, прашувајќи се кога ќе дојде и размислувајќи за него кога ќе замине.


„Но, во негово присуство, околу еден час што го поминувавме заедно, имаше необична празнина. Тој не зборуваше многу. Имаше долги паузи“, се присетува Лиза.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk