Психолог открива: Ова се четирите, тивки убијци на врските и браковите

Точка

16/01/2025

16:01

1.290

Големина на фонт

а а а

Успешните односи се темелат на доверба, почит и комуникација, но дури и навидум безначајните однесувања можат да ги поткопаат тие темели. Ако не го сфатиме ова, понекогаш и самите придонесуваме за проблеми во врската.

„Како терапевт за парови, често забележувам дека успешните односи се изградени врз база на доверба, почит и комуникација. Меѓутоа, одредени навидум безопасни однесувања со текот на времето можат да ги оштетат овие темели“, откри терапевтот и психолог Џефри Бернштајн за „Psychology Today“.

Тој ги нарекува овие однесувања „тивки убијци“, а според него, ова се четирите однесувања кои можат да уништат добра врска или брак.


1. Прекинување наместо слушање

„Еден партнер во врската призна дека често се чувствува несослушан затоа што другиот партнер го прекинува во средина на реченицата, претпоставувајќи што ќе каже тој. Иако ненамерно, прекинувањето испраќа порака дека мислите на другата личност не се подеднакво важни. Активно слушање, со пауза и повторување на она што сте го слушнале, може значително да ја продлабочи емоционалната поврзаност“, објаснува Бернштајн.

2. Користење на сарказам за прикривање на фрустрацијата

„Иако тоа може да изгледа како шега, сарказмот може да биде пасивно-агресивен начин на изразување фрустрација, што ја нарушува довербата и создава дистанца. Искреното изразување на чувствата на љубезен начин е далеку поефикасно“, тврди психологот.


3. Занемарување мали дела на љубезност

Недостатокот на мали дела на љубезност, како правење кафе или искажување благодарност, можат да го направат односот да изгледа ладен и трансакциски. Бернштајн истакнува: „Еден љубезен гест дневно може да го обнови чувството на поврзаност и заемна грижа“.

4. Избегнување на тешки разговори

Ако едниот партнер избегнува да се соочи со проблеми за да избегне конфликт, тоа може да доведе до тоа другото лице да се чувствува запоставено. Иако се непријатни, искрените разговори се неопходни за здрав однос.


„Изборот на тивок момент и пристапувањето кон разговорот со љубопитност, наместо со обвинување, може да го олесни решавањето на проблемите. Односите цветаат кога се негуваат почитта, љубезноста и отворената комуникација. Малите промени во секојдневните навики можат значително да ја зајакнат поврзаноста и издржливоста на односите“, заклучува Бернштајн.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk