 
                                Сакате на вашата славска трпеза да послужите вкусен десерт којшто воедно е и декоративен, а немате време да правите комплицирани слатки? Тогаш оваа Наполеонова торта со крекери е она што ви треба.
Популарната Наполеонова торта се подготвува по оригинален рецепт од лиснати кори, па се добива лесен десерт којшто со вкусот потсетува на кремпита и навистина вреди да се проба. Ова е друга верзија за која не ви се потребни кори, туку нешто друго.
За кора:
- 250 грама солени крекери.
За фил:
- 70 грама брашно;
-	180 грама шеќер;
-	3 јајца;
-	600 милилитри млеко;
-	180 грама путер.
1. Изматете ги јајцата, постепено додавајте шеќер, па малку по малку додавајте го брашното, непрекинато мешајќи.
2. Од подготвеното млеко одвојте околу 200 милилитри и ставете го во смесата, па помешајте. Останатите 400 милилитри ставете ги во тенџере да се варат. Кога млекото ќе зоврие, додадете ја смесата од јајцата, па мешајте додека не згусне како пудинг.
3. Во одделен сад помешајте го путерот и ванилиниот шеќер, па добро изматете со миксер. Постепено додадете ја претходно изладената смеса, лажица по лажица.
4. На дното од садот распоредете ги крекерите, па над нив нанесете го филот, а потоа повторно крекери и така додека не ги потрошите состојките.
5. Украсете по желба: шлаг, рендано бело чоколадо, скршени крекери, мелени бисквити или јаткасти плодови.
6. Тортата треба да стои во фрижидер во текот на цела вечер за добро да се излади.
На здравје!