[ВИДЕО] Живот со полни гради: Зелениот сок на баба од Јамајка која доживеала 103 години и нејзините совети за долговечност

Кармин

25/06/2024

17:00

10.291

Големина на фонт

а а а

Со своите 103 години бабата Перл Тејлор живее без никаква помош, вежба одејќи низ супермаркет, има посебен режим на исхрана, но и дава животни совети на „TikTok“, каде е позната како „бабата од Јамајка“.

„Која е тајната на долгиот живот? Љубовта. Навистина се сакам себеси“, зборувала таа во вирално видео. „Но, прво треба да мислите на себе. Помогнете си себеси прво“, вели оваа баба од Јамајка која живее во Дејтон, Охајо. Оваа витална стогодишна старица има остар ум. Кога станува збор за физичкото здравје, таа може да се движи по скалите на својот двокатен дом и до неодамна одела без шетач. Никогаш немала рак, иако има песмејкер кој ѝ ги регулира отчукувањата на срцето.


Нејзината внука, која објавувала видеа на „TikTok“, вели дека е прекрасно да ја гледа својата баба како напредува на 103 години. „Голем дел од нејзината долговечност произлегува од нејзината хипернезависност, фактот што таа живее сама сите овие години, тоа што се храни навистина здраво и остана прилично активна … освен, секако, нејзиниот позитивен начин на размислување“, изјавила Тејлор Бернал (34) за „Today“.

Горда на своите корени

Тејлор и нејзините четири сестри се родени во Куба, каде што се запознаел нејзините родители. Татко ѝ е по потекло од Пакистан, а нејзината мајка од Јамајка. Семејството се преселило во Јамајка кога таа имала 3 години, а во 1947 година се преселиле во САД и на крајот се населиле во Охајо. Таа била во брак со Јамајканец 20 години, а потоа се развела. Нејзиниот втор брак бил со Американец и траел 37 години до неговата смрт на 80-годишна возраст.


Сама готви оброци

Едно од видеата на „TikTok“ ја прикажува Тејлор во кујната. Таа верува дека домашната кујна е важна за добро здравје и сама сака да ги подготвува оброците.

„Моето семејство, тие секогаш имаат стомачни проблеми и мислам дека тоа е поради тоа што го јадат“, вели таа, посочувајќи на типичната американска исхрана.

Таа јаде многу риба, но малку црвено месо. Сака зеленчук и салати. Повремено јаде сладолед, слатко вино и чипс.

Доброто здравје го препишува на зелениот сок


Бабата од Јамајка имала познаник кој бил сопственик на продавница за здрава храна и тој ја научил на многу работи. Се обидела да јаде сирова храна, но не ѝ тргнало од рака. Сепак, усвоила еден рецепт и секој втор ден подготвува посебен зелен сок.

Состојки

Вода;

Свежо алое вера исечкано на коцки;

Кељ;

Магдонос;

Ѓумбир;

Целер;

1 лажичка зелен прав купен во продавница за здрава храна кој содржи 25 до 40 различни состојки (спанаќ, кељ, алги, магдонос, цвекло, моркови, боровинки, малини, екстракт од зелен чај, влакна и печурки).

„Моето варење е навистина одлично. Овој зелен сок го пијам веќе 30 години“, вели таа.

Секое утро јаде папаја

Повеќето луѓе би требало да се запознаени со лековитите својства на папајата, вели оваа баба од Јамајка, која секое утро јаде половина банана.

Папајата е богата со калиум и содржи влакна, витамини А, Ц и Е, плус антиоксиданти како ликопен.


Исто така, сака да пие чај од хибискус, направен од тропски цвет кој е богат со антиоксиданти, има антиинфламаторни својства и го поддржува здравјето на црниот дроб.

Вежба одејќи низ супермаркетот

Тејлор сака сама да си ги испазари потребните намирници, па членовите од семејството ја оставаат во супермаркетот. Вели дека може да оди два саати во големиот супермаркет додека ги бира артиклите кои сака да ги купи. Сè до минатата година, оваа стогодишна жена одела без никакви проблеми, но неодамнешната повреда на грбот значи дека сега користи шетач.

Го бара она што ѝ е потребно

Животот се сведува на љубов и мир, но исто така мора да бидете и проактивни, вели бабата. Нејзиното мото е: „Барај и ќе добиеш. Некои луѓе не сакаат да го направат тоа, бидејќи се плашат или се срамат, но тоа не е добро“, вели таа во едно од „TikTok“ видеата.


„Самољубието е единствениот начин на кој можете да се чувствувате среќни бидејќи кога љубовта доаѓа од вас, можете да ја проширите и на другите“, додала таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk