Кога станува збор за скромноста, некои знаци особено се истакнуваат, на нив не им потребно многу за да бидат среќни, а животот не го сфаќаат „здраво за готово“.
Според астролозите ова се хороскопските знаци, на коишто другите луѓе им се секогаш приоритет, а честопати се толку скромни што не се ни свесни за тоа колку вредат.
На врвот на листата за скромност, којашто речиси се граничи со понизноста, се рибите, водениот знак којшто е познат по својата сочувствителна природа. Луѓето родени во периодот од 19 февруари до 20 март честопати се сметаат за сочувствителни „сонувачи“, на коишто благосостојбата на другите секогаш им е приоритет. Нивните несебични дела и емпатични гестови ги прават едни од најскромните знакови на Зодијакот.
Водениот знак со којшто владее Месечината, длабоко е поврзан со своите емоции и чувствата на луѓето околу нив. Нивната искрена грижа за другите и нивното интуитивно разбирање на емоциите придонесуваат кон нивната скромност.
Овој земјен знак ја покажува својата скромност преку својата аналитичка природа. Девиците се педантни во својот пристап кон животот, често пронаоѓаат радост во помагањето на другите без да бараат признание за тоа. Нивната „понизност“ се истакнува низ преданоста кон служењето и нивното практично, скромно однесување.
Воздушниот знак со којшто владее планетата Венера, зрачи со скромност низ своето тежнеење за рамнотежа и хармонија. Вагите се природни миротворци, настојуваат да создадат рамнотежа во своите односи и окружувањето. Нивната способност за разбирање на различните перспективи и пронаоѓање на заеднички јазик ја одразува нивната скромна природа.
Астро кругот на скромноста го затвора Јарецот, земјениот знак со којшто владее Сонцето. Додека јарците се познати по своите амбициозни тежнеења, нивната скромност лежи во нивната мудрост и зрелост. Ја ценат напорната работа, одговорноста и традиционалните вредности, покажувајќи скромен пристап кон успехот.